Мексиканска мусака

Овој рецепт многу дноставно се подготвува, а мешавината на зачини, зеленчук и месо е неодолив.
Состојки:
3 готови тортиљи,
300г домати,
400г телешко месо,
100г тиквица,
2 помали главици кромид,
4 чешниња лук,
оригано, ким, сол, бибер,
200мл неутрална павлака,
200г рендано сирење,
200г пченка,
магдонос,
маслиново масло
Подготовка:
Доматите, тиквициите, кромидот и лукот исечете ги на коцки, посолете ги, зачинете ги со оригано и ким, и измешајте ги. Пржете го зеленчукот десетина минути, а кога ќе омекне испасирајте го. На загреан зејтин испржете го телешкото месо исечено на ленти, а кога ќе биде готово прелијте го со испасираниот зеленчук, додајте ги павлаката, исецканиот магдонос и пченката, па уште малку пропржете.
Тортиљите исечете ги на коцки и пропржете ги за да станат крцкави. Во сад за печење редете ги пржените тортиљи и сосот од зеленчук и месо. Изрендајте сирење и ставете да се пече во рерна додека сирењето не добие златна боја.
Добар апетит!Овој рецепт многу дноставно се подготвува, а мешавината на зачини, зеленчук и месо е неодолив.

Пронајдете не на следниве мрежи: