Мемеди во Будимпешта: Патот кон ЕУ е единствената перспектива на Западен Балкан

Директорот на институтот за геостратешки истражување и надворешна политика при Министерството за надворешни работи Абдулкадар Мемеди, со свое обраќање учествуваше на Конференцијата за Западен Балкан организирана од страна на Институтот за надворешна трговија на Унгарија  и Фондацијата Конрад АденауерНa Конференцијата,  се применуваше правилото “Chatham house rule“, a се зборуваше за зачувувањето на стабилноста и безбедноста на Западен Балкан.
„ЕУ колку и да е посилна или послаба, колку и да некоја земја станува членка или излегува од ЕУ,  сметам дека членството во ЕУ останува единствената како и најдобрата и најсигурната перспектива за земјите од Западен Балкан“, истакна Мемеди.
На Конференцијата учествуваа претставници од сите земји од Западен Балкан, меѓу кои и добри познавачи на приликите на Балканот како Дорис Пак, поранешен пратеник во Европскиот парламент и претседател на Институтот Роберт Шуман и д-р Душан Релјиќ Претседател на германскиот институт за надворешна политика  и безбедност.
На конференцијата се зборуваше и за предизвиците со кои се соочува Западниот Балкан како што е политичката криза во Република Македонија, односите на Србија со ЕУ, идното членството на Црна Гора во НАТО, како и политичката ситуација во Албанија и периодот по нејзиното членство во НАТО.
Исто така на конференцијата се дискутираа и теми како што е излегувањето на Обединетото кралство од ЕУ или БРЕГЗИТ, односите ЕУ-Русија и ЕУ- Турција.Нa Конференцијата,  се применуваше правилото “Chatham house rule“, a се зборуваше за зачувувањето на стабилноста и безбедноста на

Пронајдете не на следниве мрежи: