Мерцедесот било намерно оштетувано поради евтин политички маркетинг

Наместо ветените реформи, Спасовски по налог на Заев вчера повика новинари да го снимат фамозниот блиндиран Мерцедес во обид да се сокрие безидејноста и немањето на вистински план за работа, потпирајќи се на планот „купи ден, помини“, пишува Инфомакс.Но, вистинската забеганост кај СДС се огледува и во тоа што тие сметаат дека граѓаните на Р.Македонија немаат долгорочна меморија, па Заев и Спасовски во неколку наврати се обидуваа да лажат дека Мерцедесот кој чинел 585.000 евра бил запуштен и оставен на милост и немилост на мачките кои го гребеле додека бил во гаражата.
-Претходно информиравме дека Спасовски по налог на Заев и Шеќеринска намерно го оштетувале возилото, за денес да можат да направат ПР спектакл и да ја замауваат јавноста, наместо да дадат одговори за неработењето и неспроведувањето на ветените реформи, пишува порталот.
Инфомакс пишува и дека Спасовски намерно го оштетувал Мерцедесот, покажува и фактот што само пред 20-тина дена во истиот се возеше и високиот комесар од ЕУ Јоханес Хан, но и Доналд Туск во посетата на Ѓорѓе Иванов.

Како што може да се види од фотографиите, возилото било во перфектна состојба, наспроти тврдењата и лагите на СДС, Заев и Шеќеринска дека веднаш по објавувањето на нелегално стекнатите и монитрани снимки, истиот бил запоставен и оставен да го гребат мачки.
 
 Но, вистинската забеганост кај СДС се огледува и во тоа што тие сметаат дека граѓаните на Р.Македонија немаат долгорочна меморија, па Заев и Спасов

Пронајдете не на следниве мрежи: