Како дел од Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување за 2015 година и Програмата за работа на Владата на Република Македонија 2011-2015, веќе од 2011 година Агенцијата за вработување објавува јавни огласи за младите евидентирани невработени лица до 29 години за вклучување во програмата практиканство како подршка за вработување.Оваа мерка обезбедува тримесечна практична работа на невработените млади лица со завршено средно и високо образование при што Агенцијата за вработување финансира 6.200 денари месечно со платен персонален данок и осигурување при повреда при работа, со тоа што компаниите немаат никаква законска обврска во однос на задржување на одреден број од практикантите.
Максималниот број на практиканти кои може да ги ангажира некоја фирма зависи од бројот на вработените. Практикантите имаат ментор во компаниите каде што се ангажирани да ја извршуваат практичната работа. Обучените кога ќе се покажат вешти на работното место и успешно завршувајќи го практиканството, секој работодавач би поскал да ги задржи.
Мерката е погодна за работодавачите, бидејќи три месеци немаат никакви трошоци за ангажираниот практикант. Со оваа мерка се овозможува истите да стекнат работно искуство, а работодавачите да ги видат квалитетите и можностите на младите луѓе за можно вработување на истите кај нив. Искуството покажува дека најголем број од практикантите остануваат на работа. И да не останат, добиваат потврда за практикантство, која можат да ја искористат во други компании како препорака, бидејќи се адаптирани и подготвени за работен ангажман.
Мерката практиканство стартуваше во 2010 година во Скопје, а од 2011 на целата територија, е како поддршка за вработување на млади лица до 29 години, се реализира во соработка со Европската Унија која има и финансиско учество во проектот. Програмата ја спроведува Агенцијата за вработување, а досега 65% од практикантите добиле вработување, Учествуваат компании од разни сектори, но најчесто од осигурителните и здравствените услуги, производство, правни и сметководствени бироа.
Многу е значајно дека компаниите кои ќе одлучат да задржат лица коишто биле на практикантска обука кај нив може понатаму да ги користат поволностите од проектот „Македонија вработува“ во одреден временски период и на тој начин да бидат ослободени од плаќање на персонален данок и останатите давачки кон државата.
Комисијата за економија и финансии при ОК ВМРО ДПМНЕ Битола ги поддржува сите мерки на Владата што овозможуваат вработување, просперитет за граѓаните и економијата.Оваа мерка обезбедува тримесечна практична работа на невработените млади лица со завршено средно и високо образование при што Агенцијата за вработу