Ангела Меркел се изјасни дека никогаш не требаше Грција да стане дел од еврозоната. „Грција никогаш не требаше да биде во еврозоната.Шредер ги прифати во 2011 и го ослабна Пактот за стабилност. Двете одлуки беа фундаментално погрешни“, рекла Меркел.
Таа во предизборниот настап повторила дека се залага за силна и единствена валута во Европа, но тоа може да е постигне само со реформи во погодените земји од кризата , како што е Грција.
„Единствената валутна зона е богатство и благослов. Тука нема сомневање. Еврото е многу повеќе од валута. Затоа покажавме солидарност, но солидарноста е поврзана и со одговорност за реформи во земјите кои ја почуствувале таа солидарност“, рекла Меркел.
Нејзините изјави доаѓаат неколку дена откако германскиот министер за финансии призна дека на Грција и е потребна уште еден пакет на финансиска помош.„Грција никогаш не требаше да биде во еврозоната.Шредер ги прифати во 2011 и го ослабна Пактот за стабилност. Двете одлуки беа фундаментално