Меркел предлага изборите да се одржат на 22 септември

Loading...

Владата на канцеларката Ангела Меркел побара од германскиот претседател да го одреди 22 септември за датум на следните сојузни избори, на кои Меркел се надева на трет мандат.
„Не е за изненадување германската влада да му предложи на претседателот недела, 22 септември 2013 година, да биде датумот на 18 германски(сојузни) избори“, изјави портпаролот на Меркел, Штефан Сеиберт, на редовна прес конференција. Меркел се надева дека повторно ќе биде избрана за канцеларка на најголемата европска економија и повеќето анкети даваат предност на нејзиниот конзервативен блок барем 10 отстотни бодови повеќе отколку на опозициските социјалдемократи. Сепак, не е јасно дали ќе може да состави влада со својот сегашен коалиционен партнер Слободните демократи, кои во повеќето изборни анкети не го поминуваат изборниот праг од пет отсто потребен за влез во Парламентот. Во согласност со уставот, претседателот формално го одредува датумот на изборите што овој пат треба да се одржат во една од неделите меѓу 28 август и 27 октомври.
 
МакфаксВладата на канцеларката Ангела Меркел

loading...
Loading...