Новиот мобилен телефон на германската канцеларка Ангела Меркел е Блекбери Z10. како и повеќемината членови на германска влада, Меркел веќе не користи Ајфон. Целта е да се заштити од прислушување, како последица од шпионската афера која ја разоткри американската НСА.Германската компанија Секјурисмарт, од каде е и новиот апарат на Меркел, го престорува Блекбери во супер-сигурен телефон по инсталација на енкрипциски софтвер преку микро-картичките .
Новите телефони се заштитени така што обичен текст преку алгоритам се претвора во шифриран. По инсталацијата на програмата, телефоните ги задоволуваат и НАТО стандардите за шифрирани комуникации.
Германските медиуми јавија дека најмалку пет држави ги слушале разговорите преку нејзиниот стар телефон, меѓу кои Велика Британија, Северна Кореја, Русија, Кина и САД. Германската компанија Секјурисмарт, од каде е и новиот апарат на Меркел, го престорува Блекбери во супер-сигурен телефон по инсталација на енкрипци