четврток, 12 ноември 2026
Најново

Мерките за бесплатна бања и викенд ќе ги користат 52 пензионери од Ресен

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Вкупно 52 пензионери од Ресен ќе ги користат поволностите од владините проекти за бесплатна бањско-климатска рекреација и бесплатен туристички викенд, информира раководителот на подрачната единица на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување Науме Попевски.За 16 пензионери бил одобрен бесплатен викенд, кој ќе се реализира на 4 март во Отешево, додека за бањско-климатска рекреација одобрени се 36 барања, кои ќе се спроведат во две смени, од 2 до 8 и од 8 до 14 април во Дебарски бањи.
До ресенската канцеларија на ПИОМ, според Попевски, биле доставени над 65 барања, од кои некои аплицирале за двете услуги, а некои овие поволности ги користеле минатата година.
– Приоритет во изборот за користење на услугите за бесплатни туристички викенд и бањско-климатска рекреација беа пензионерите со пониска пензија, подолг стаж и оние кои досега не го искористиле ова право. Годинава беа доставени над 65 барања за користење на овие мерки, но некои имаа апликации за двете услуги, а некои беа лани, па затоа правевме селекција, изјави Попевски.
На подрачјето на општина Ресен регистрирани се околу 2.800 пензионери.За 16 пензионери бил одобрен бесплатен викенд, кој ќе се реализира на 4 март во Отешево, додека за бањско-климатска рекреација одобрени се 36 барањ

Поврзани вести