МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП: АВГУСТ 2013

Вашиот хороскоп за месец август. Пишува: професионален астролог Снежана Штрковска.Ноќ без Месечина – 06 август; полна Месечина – 21 август; Сонце влегува во Девица – 22 август; Марс влегува во Лав – 28 август.
Направете комбинација на толкувањата за вашиот знак и за подзнакот.
*Ако сакате подетално да дознаете што ве очекува во тековната година, кликнете и нарачајте – соларен хороскоп.
ОВЕН – Во поголемиот дел од август ќе сте преокупирани со настани поврзани со домот и недвижности. Исто така во центар на внимание ќе ви се групи во кои припаѓате. Ќе има повлечи-потегни во сите ситуации во кои ќе сте вклучени. Уран е во вашиот знак, а тој носи ненадејни пресврти, недоволно размислени одлуки и постапки. Посебно пазете се од избрзана реакција во деновите околу 21 август.
 
БИК – Забава, спортување, контакти со деца, ваши или туѓи – тоа ќе е фокусот за вас во овој период. Посебно од 16 август кога вашата заштитничка Венера ќе влезе во соѕвездието Вага, што за вас значи: претерување во сите животни задоволства. Ќе трошите многу овој месец: на добра храна, убава облека, или за своите деца.
 
БЛИЗНАЦИ – Пазете се од кавги со блиски луѓе или со домашните: ќе ве надзборуваат, ќе ве победат овој пат, колку и да ви звучи чудно. За пари – среќен месец, доаѓаат големи суми во деновите околу 7 август и 21 август, но ќе треба да се потрудите за да ги добиете.  Голем трошок поврзан со домот некаде околу 25 август.
 Повеќе на следниот ЛИНКНоќ без Месечина – 06 август; полна Месечина – 21 август; Сонце влегува во Девица – 22 август;

Пронајдете не на следниве мрежи: