Што ве очекува овој месец?Овен
Овој месец ќе имате значаен пад на енергијата и ќе го работите тоа што морате. Зголемување на енергијата може да очекувате од 20-ти февруари. Ќе бидете подготвени за нови почетоци и полесно ќе ги завршувате обврските. Од 12-ти повеќе ќе се дружите со драгите луѓе и нема да има толку недоразбирања. Ќе имате подобар однос со колегите.
Што се однесува до односот со партнерот ќе уживате до 20-ти, било дали сте во сериозна врска или не. Некое познанство може да помине во нешто поголемо. А од 20-ти се што ќе мислите нема да може да го сокриете па така директно ќе кажувате се. Не влегувајте во бесмислени кавги со партнерот.
Бик
До 12-ти ќе има застој што се однесува на парите, но до тогаш може и да заштедите. Бидете трпеливи. Од 12-ти ситуацијата ќе се подобрува. Насочете се кон работата , а не на тоа што колегите зборуваат. Постои можност да немате голема желба за работа.
Можни се големи кавги со партнерот. Гледајте повеќе време да поминувате со пријателите, да правите нешто ново за да не ви биде досадно. Некои личности од минатото повторно ќе се појават во втората половина на месецот- а вие сте неодлучни…
Близнаци
Расположението не треба да зависи од паричната ситуација, а тоа вас редовно ви се случува, но овој месец ќе биде многу нагласено. Расположени сте за работа, искористете го тоа на најдобар можен начин. Соработниците ќе ви излезат во пресрет. Ќе има мали проблеми поради ситници но се ќе помине.
Имате чувство дека се ви оди споро и никако да тргне напред. Сите планови ги одложувате затоа што мислите дека не е вистинско време за промени. Романтични сте но до партнерот ништо не допира. Во втората половина на месецот дружете се повеќе со луѓе.
Рак
Немате чувство дека се оди по планот, но немојте премногу да се нервирате. Немате волја за работа, па се оставате. Обидете се да се концентрирате да го одработите своето односно она што морате. А од 20-ти ќе бидете многу побрзи и поактивни и се ќе се врати во нормала.
Страствени сте и токму поради тоа во врската не треба да има проблеми, особено не до половината на февруари. Многу сте романтични. Слободните може да започнат врска со личност од странство. Флерт на работното место е можен од 20-ти феврувари. Пазете што правите.
Лав
Соработката со колегите ви оди одлично овој месец, но никако не започнувајте ништо ново, работете само на работите кои однапред ви се планирани. Ова важи за периодот до 12-ти, потоа работите ќе се одвиваат многу побрзо и полесно.
Не ви е примарна врската сега. Повеќе ќе сакате да излегувате со пријателите, отколку сега да влезете во нова врска. Но, од 20-ти приоритетите ќе се променат. Оние кои се во врската ќе вложат повеќе труд и ќе успеат да ја остварат целта. Не го пренесувајте стресот на другите.
Девица
Не ви оди баш како што треба. Не сте задоволни со ситуацијата, но мора да бидете трпеливи и вредни. Работите ќе се подобрат од 12-ти и тогаш ќе мора да започнете да правите и нешто ново, а не само да се вртите во круг. Ќе имате подобар однос со луѓето со кои работите.
Романтични сте и добро се чувствувате. Потрудете се да му посветите повеќе внимание на партнерот. Направете баланс меѓу работата и љубовта. Одете во театар или во кино со партнерот.
Вага
Насочете се на работите кои мора да ги завршите, никако не започнувајте ништо ново во првата половина затоа што нема да биде успешно. Направете план за да не се загубите. До 10-ти февруари се ќе оди споро па бидете подготвени за тоа.
Добро се чувствувате во врската, но многу сте насочени на работата. Обидете се малку да најдете време за партнерот за да не се почувствува запоставен. После се ќе биде ОК во односот.
Скорпија
Првата половина на месецот воопшто не е добра за работа, но од 20-ти енергијата ќе се насочи само на работа и на нови планови. Насочете се на нови работи, нови идеи, предложете ги и на другите. Но, до 20-ти не е добро ништо да менувате, седете мирни и на страна.
Романтични сте и расположени за врска. Слободните може да запловат во нешто ново, но нема да бидете сигурни на што сте до крајот на месецот. Се ќе биде некако нејасно. Од 20-ти работите ќе се разјаснат и ќе ви биде полесно и да разговарате.
Стрелец
Многу сте вредни но имате потреба многу време да поминувате дома, па најдете начин да го избалансирате сето тоа. Ќе ви биде малку напорно во првата половина на месецот. Вие ќе бидете енергични а напредокот е извесен.
Немате многу добра комуникација со партнерот, а тоа ќе биде така до 13-ти, после ситуацијата ќе се подобри. Разговарајте што е можно повеќе и правете планови. Од 20-ти работите поинаку ќе се одвиваат и партнерот ќе биде посреќен.
Јарец
Можни се проблеми со парите во почетокот на месецот. Воопшто не сте задоволни. Не го покажувате тоа пред другите, од 12-ти ситуацијата малку ќе се подобри. Може во втората половина на месецот ќе купите нешто за домот или за себе.
Насочете со кон партнерот, помалку зборувате повеќе покажувајте му. Некои од вас ќе влезат во тајна врска и нема да знаат како да се извлечат од неа, затоа е важно на време да сфатите што не треба да правите.
Водолија
Напнати сте поради паричната состојба. Имате чувство дека може многу повеќе да заработувате од сега и многу повеќе да постигнете. Но, постојано нешто ве кочи. Обидете се да направите нов распоред, да направите нешто ново. Зборувајте со пријателите можеби ќе добиете и добар совет. Важно е да не го оптеретувате партнерот со проблемите од работа.
Имате добар однос со партнерот, но се можни проблеми со комуникацијата до 12-ти. Важно е да напрвите баланс, да се гледате со пријателите, не само да се затворите дома. Од 12-ти ќе се подобри комуникацијата. А од 20-ти ќе бидете расположени за патувања со партнерот.
Риби
Нема да имате преголема волја за работа до 20-ти, затоа завршете го само она што ви е приоритет. Се ќе се промени на подобро од 20-ти, но можни се и непланирани трошоци.
Одлично се чувствувате и добивате комплименти постојано. Доколку сте слободни, ќе имате многу можности за нова врска, но тоа како да не ви е потребно сега. Но од 12-ти целата ситуација целосно ќе се промени. Оние кои се во брак ги очекуваат недоразбирања на почетокот на месецот. Овен
Овој месец ќе имате значаен пад на енергијата и ќе го работите тоа што морате. Зголемување на енергијата може д