Пишува: професионален астролог Снежана ШтрковскаНоќ без Месечина – 03 декември; полна Месечина –17 декември; Сонце влегува во Јарец – 21 декември; Марс влегува во Вага – 07 декември; Венера ретгроградна од 21 декември.Направете комбинација на толкувањата за вашиот знак и за подзнакот.
*Ако сакате подетално да дознаете што ве очекува во тековната година,кликнете тука и нарачајте – соларен хороскоп.
ОВЕН – Кавга со некого. Нема да се воздржите овој пат, па ќе ја распламтите до граница што и други луѓе ќе се вмешаат. Но не очекувајте поддршка, бидејќи и оние кои биле на ваша страна, сега ќе се свртат против. Вашиот владетел Марс влегува во Вага и ќе остане таму до јули 2014, што е невообичаено долго време, па советот да внимавате на зборовите ќе важи за цели осум месеци. Но затоа на работа ќе ви биде интересно: наеднаш имате помалку обврски, полесни се, или пак во вашата средина се вртка некоја вам драга особа. Што и да е, пријатно ќе ви е.
БИК – Љубовните настани ви се резервирани за почеток на месецов, а потоа нема да имате време или нема да сакате да најдете, сеедно: ќе бидете посветени на работата и заработувањето. Убав договор за работа околу 12 декември. Романтичните мисли ќе ве обземат повторно после 21 декември, посебно низ мисли ќе ви се вртка некоја стара симпатија. Абер од далеку или за патување кон крајот на декември, а можно е и новата година да ја дочекате подалеку од дома.
БЛИЗНАЦИ – Полната Месечина ќе биде во вашиот знак на 17 декември, а тоа обично носи осветлување на некој проблем, настан или ситуација. Како и да е, декември ќе е активен месец за вас драги Близнаци, со многу договори, разговори и плодна соработка која ќе потрае. Сè поврзано со и околу пари. Нема да имате време за љубов и романтика, и повеќе ќе ве интересираат конкретни нешта. Кон крајот на месецот ќе набљудувате нечија кавга, но колку и да сте рамнодушни, овој пат ќе се вмешате и ќе заземете страна.
РАК – Декември ќе го започнете со планови и договори за работа и заработување. Некои контакти ќе потраат и ќе се покажат како многу плодни и корисни за вас. Ќе има моменти кога ќе се чувствувате како да сте маргинализирани од животот, односно како секому да му се случува нешто, само вам не. Но нема да е така. Со влегувањето на Марс во Вага, домашната ситуација ќе ви се раздвижи, па очекувајте осум месеци немир, преместувања по дома, реновирање, кавги, дури и преселба или пак некој ќе доаѓа да спие кај вас. Од сè по нешто до јули 2014 година.
ЛАВ – Фокусот на вашите мисли, интереси, но и на настаните за вас драги Лавови ќе е на поле: забава, задоволство, спорт, но и деца ако ги имате. Парите што ви доаѓаат и веќе ги добивате, нема да ви се проблем, посебно што подолго време работевте на создавање услови за дополнителни приходи. Од сето тоа ќе го видите ќарот сега. За љубов ; во деновите околу 17 декември очекувајте изјава за љубов, нечие признание, а вие ќе останете збунети: затоа штознаевте дека е така или затоа што воопшто не очекувавте од таа особа.
ДЕВИЦА – На 07 декември Марс го напушта вашиот знак и во наредните осум месеци ќе ви носи дополнителна енергија за заработување. Неочекувана сума пари ве очекува околу 11 декември; после 21 декември враќање на заостанати долгови; љубовен настан кон крајот на месецот или околу 25 декември; а крајот на годинава забавно со весело друштво. Ако има недоразбирања во декември, за вас ќе бидат само на поле пари.
ВАГА – На 07 декември Марс влегува во вашиот знак, и вие како добри домаќини нема да го пуштите да замине цели осум месеци. Ова е ситуација на небото која не се случува често, па извлечете максимум полза за себе од присуството на Марс во вашиот знак. Вашата владетелка Венера, пак, нема да направи некои позначајни аспекти во текот на овој месец, што за вас ќе значи дека најмногу ќе уживате кога ќе сте дома, или на свој терен. Околу 25 декемвриспротивставување од некој од кого не сте очекувале. Совет: спуштете ја топката.
СКОРПИЈА – Пари, комуникација, одење и враќање, заминување некаде и подготовки околу тоа – сето ова ќе е актуелно за вас во месец декември. За љубов и задоволство – 12 декември е датум за уживање; за работа – пред новата година ве очекува стабилен договор; а во деновите од 17 до 25 декември, ќе се чувствувате како некој намерно да чепка низ вашето минато, вашите мемории, посебно низ она за што не сакате да зборувате. Тензично ќе е, но правдата е на ваша страна.
СТРЕЛЕЦ – Ноќ без Месечина во вашиот знак на 03 декември, носи започнување на нешто што ќе потрае, посебно ако е поврзано со пари. Активно е небото во делот каде е вашето соѕвездие овој месец. Посебно е значаен Меркур кој ќе минува тука и ќе ви помогне да решите некое старо недоразбирање. Сепак судирот може да се претвори во судир за пари кон крајот на годинава. Пари нема да ви недостигаат овој месец, но и многу ќе трошите.
ЈАРЕЦ – Почетокот на декември ќе бидете олабавени, дури и мрзеливи, лежерни, но откако Сонцето ќе влезе во вашиот знак, на 21 декември, ќе ви се размрда секојдневието. Зимава ќе се фрлите на работа, драги Јарци, па почнете уште во декември. Во деновите пред новата година ќе бидете затрупани со обврски, но сепак пречекот ќе го организирате како што вие си сакате. Во деновите околу 24 и 25 декември, нервозен муабет со некој близок. Употребете убедување и/или итрина па ќе успеете да ја смирите ситуацијата.
ВОДОЛИЈА – Ќе бегате од луѓе и настани овој месец. Поради нешто, повеќе ќе сакате да сте сами, отколку со сите. Можеби и поради кавгите кои се случуваат околу вас, па сакале или не, другите ве вмешуваат во нивните ситуации, за совет или помош. Долги пријатни разговори со некого околу 11 декември. Крајот на месецот ќе е повторно слична ситуација, односно повторно ќе сте вовлечени во туѓи настани. Но можеби овој пат ќе можете да помогнете, посебно ако парите можат да ја средат состојбата, па вие радо ќе помогнете, на двапати.
РИБИ – Посветени на работата, обврските, љубовниот партнер, нема ни да забележите кога поминала годината. Ако учите нешто, добро ќе ви оди овој месец. За пари – ќе се чувствувате како некој со сила или со измама да сака да ви земе што е ваше. Во љубовта – триаголник, и без да сакате ќе се најдете неколку пати во ситуација кога во исто друштво или на иста маса ќе седите со сегашната и бившата симпатија. И за празниците ќе е слично.Ноќ без Месечина – 03 декември; полна Месечина –17 декември; Сонце влегува во Јарец – 21 декември; М