Овие секси сценарија изгледаат многу подобро вo вашата фантазија отколку во пракса – чоколадото на тело не е толку слатко, а го валкате и креветот, сексот во автомобил обично е неудобен, како и на плажа…Секс во автомобил
Секој барем еднаш испробал секс во автомобил, но тој е далеку попривлечен во тинејџерските години поради недостатокот на простор за водење љубов. Освен ако немате лимузина или комбе, сексот во автомобил најчесто подразбира згрчени екстремитети, гужвање на седиштата и облеката и навалување на главата за да таа не би ви се удирала во покривот на автомобилот по што ќе ви се шине вратот. Ризикот дека може некој да наиде дополнително ги зачинува работите, но возбудувањето многу брзо ќе згасне доколку наиде полицаец кој ќе ви напише казна.
Секс додека возите
Секако дека звучи далеку поопасно и возбудливо отколку што навистина е во реалноста, а обично се сведува на орално задоволување на шоферот. Но, со тоа само ќе му го одвлечете вниманието од сообраќајот, барем доколку сте “добри” во тоа. Во моментите на екстаза лесно е да се изгуби контрола над автомобилот, што е реална опасност. Покрај тоа, шансите дека вашата “играчка” ќе ја сними некој возач на камион или било кое друго возило кое е повисоко од вашето се високи, а стресот кој го носат семафорите нема ни да го споменуваме.Секс под туш или во када
Иако ова е честа сцена во филмовите и звучи многу сензуално, сексот под туш понекогаш е тешко да се изведе, особено ако туш кабината е премалечка. Повеќето луѓе имаат мали туш кабини во кои двајцата партнери треба да стојат, а пенетрацијата честопати е неизводлива поради разликите во висината и остантите закони на физиката. Додајте ја на тоа и лизгавата површина и добивате одличен рецепт за несакани незгоди. Сексот во када не е толку опасен, барем што се однесува на повредите, но ни прближно не е толку привлечен како што звучи во теорија. Идеалната температура на водата е тешко да се постигне, а камоли да се одржи, особено доколку сексот потрае подолго, а да не спомнувме колку топлата вода која отстојува е рај за бакетриите.
Секси масажа со масло
За многумина ова е најдобриот вид на масажа кој постои бидејќи служи како одлична предигра и вовед во страсен секс. Сепак, побудување на сетилата со прстите и со маслото за масажа не е толку секси ако го осетите маслото на вашите усни при бакнување на телото на вашиот партнер и ќе си го ускратите ваквото задоволство. Ниту контакт на маслото со гениталиите не е добра идеја, освен ако не користите масло исклучиво наменето за тоа и има pH вредност прилагодена на осетливата слузница на гениталиите. Во спротивно можете да завршите со неугодна иритација или дури и воспаление.
Секс на плажа
Ова е навистина многу голема стереотипна фантазија која подразбира спонтан секс и страст кои не можат да се контролираат. Иако звучи романтично, подлогата од каменчиња и песок или карпи воопшто не е удобна па колку сакате пешкири ставете. Песокот ќе го зголеми триењето, кое ќе го уништи сексот па ќе го направи и болен, така што сексот на плажа звучи убаво само додека фантазирате за него.
Снимање на секс видео
Кој денес барем еднаш не ја снимил “акцијата” со мобилен телефон или со камера дефинитивно не ги следи трендовите на домашните и странските селебрити. Тоа е прилика да бидете главна ѕвезда на екранот, но и да видите како изгледате во моментите на страст. Вистината е дека целата забава е всушност во процесот на снимање, а маките доаѓаат подоцна. Освен разочарувањето што на камерата ви се гледа стомакот или изразот на лицето не ви е воопшто привлечен како што замислувавте, а стенкањето ви звучи како да ве боли нешто, а не да уживате, најголем проблем предизвикува фактот дека ваквите снимки честопати завршуваат на интернет, од каде веќе не можете да ги тргнете. Доколку вашиот филмски партнер ви стане “поранешен” тој ризик е најголем, па најдобро е да го избришете видеото веднаш штом ќе го погледнете.Игрите со чоколадо и шлаг
Воведувањето на слаткото уживање за време на сексот звучи како сценарио од најдобрата еротска фантазија, но вистината е дека вкусот на телото природно ни е солен, а не сладок и не е убаво кога се мешаат вкусовите. Покрај тоа, од чоколадото, шлагот и разните преливи ќе станете само лепливи и нема да можете на раат да уживате во сексот.
Поза 69
Доколку двајцата партнери уживаат да даваат и примаат орално задоволство, тогаш оваа поза е идеална за симултан хедонизам. Но наместо да го дуплирате задоволството, проблемот се јавува бидејќи секој од партнерите може да изведе само “половина од перформансот” бидејќи е преокупиран со она што му го правите вие на него и што будите кај него. Така што оваа поза не е ниту најудобна поради тежината на телото на партнерот, а ни поради истегнување на вратот.Секс во автомобил