Металург се прошета низ Чехов

Ракометарите на Металург, како гости, забележаа победа во Санкт Петербург со убедливи 32:14.
Македонскиот шампион, по девет одиграни кола, а во пресрет на натпреварот помеѓу Силкеборг и Горење се искачи на втората позиција во Ц групата, во Лигата на шампиони.
Металург, од самиот старт ја наметна својата игра, во ниту еден момент не му дозволи на Санк Петербург резултатски да се приближи, со што стигна до првата победа во 2013 година.
Ренато Вугринец и Наумче Мојсовски со по седум голови беа најефикасни играчи на Металург.
Во следното коло, последно во фазата по групи, Металург на 24. февруари, во Скопје, ќе го пречека Силкеборг.
МакфаксРакометарите на Металург, како гости, забележаа победа во Санкт Петербург со убедливи 32:14.

Пронајдете не на следниве мрежи: