Металург со комбиниран тим на мегдан со КО Загреб

Ракометарите на Металург, во сабота, ќе му гостуваат на КО Загреб во рамките на 16.коло во регионалната СЕХА лига.Домаќинот ќе биде во предност бидејќи Металург во Загреб отпатува со комбиниран состав, во кој има дури шест играчи од младинскиот тим.Раководството на македонскиот шампион се реши на ваков чекор откако од Загреб не прифатија натпреварот да биде одложен од причина што Металург следната недела го игра првиот осмина финален меч во Лигата на шампиони, против Динамо во Минск.Во ситуација кога Металург веќе обезбеди пласман на завршниот турнир во СЕХА лигата во Загреб отпатуваа шестмина младинци и девет играчи од првиот тим: Бојан Маџовски (18), Борјан Маџовски (18), Жарко Пешевски (21), Мартин Манасков (18), Филип Талески (16) и Марко Нелоски (16), како и Ангелов, Митревски, Левов, Батиновиќ, Корожија, Георгиевски, Златко Мојсоски, Мандиќ и Наумовски.Екипата ќе ја предводат помошник-тренерот Александар Петровски и тренерот на Металург јуниор, Ацо Јовиќ.Лино Червар останува во Скопје за да тренира со главните сили на Металург, а водството на екипата останува за да присуствува на изборното собрание на РФМ.
МакфаксРакометарите на Металург, во сабота, ќе му гостуваат на КО Загреб во рамките на 16.коло во регионалната СЕХА лиг

Пронајдете не на следниве мрежи: