На повик на Светската метеоролошка организација денеска во Монтерал илјадници метеоролози дебатирале на тема „Временска прогноза, каква ни е иднината?“.Во првата деценија од овој век просечната температура на Земјината површина пораснала за 0,47 степени Целзиусови. Зголемување од еден процент доведува до седум отсто поголемо испарување на вода во атмосферата, а бидејќи испарувањето е придвижувач на воздушните струи во атмосферата, метеоролошките прилики сега почесто се менуваат.
Светските научници сметаат дека просечната температура на Земјата ќе порасне за два отсто до 2050 година.
„Облаците полесно и побрзо ќе се формираат што ќе предизвика сѐ посилни дождов, што ќе доведе до почести и ненадејни поплави“, изјавил Сајмон Ванг од Универзитетот во Јута.
Ни се закануваат екстремни студови и жештини
Според него, ќе има сѐ повеќе случаи на екстремни студови, како минатата зима во Северна Америка, и екстремни жештини и суши.
Предизвик за метеоролозите е и сметањето на „дополнителните сили“, предизвикани од глобалното загревање, што го комплицира прогнозирањето на времето,
„На метеоролозите во следните децении ќе им бидат неопходни исклучително силни компјутери, кои сега ги има многу малку“, оценил Ванг.
Метеоролозите оценуваат дека нивните предвидувања ќе бидат сѐ понеопходни за воздушниот сообраќај – поради неочекуваните турбуленции, како и за поморскиот сообраќај, бидејќи се очекуваат џиновски бранови во океаните, високи и до 40 метри.
„Тоа е само почеток на климатските промени, бидејќи океаните имаат огромно влијание поради ослободувањето на вишокот топлина и испарувањата“, истакнале експертите и додале дека не смее да се заборави и топењето на вечниот лед на Гренланд.
Доколку продолжи со ваков тренд да се топи ледот, во наредниот век нивото на океаните би можело да се се зголеми дури до шест метри.
Метеоролозите истакнале дека е неопходно да се прилагоди урбаниот начин на живот во големите градови, за да може човештвото да се заштите од апокалипса.Во првата деценија од овој век просечната температура на Земјината површина пораснала за 0,47 степени Целзиусови. Зголемување од еден процент довед