МФ: Сите проекти кои се во тек продолжуваат со истата динамика

Ребаланс на буџетот се прави во текот на годината за да се усогласат приходната и расходната страна со проекциите за раст на економијата. Буџетскиот дефицит, пак, е разлика меѓу приходите и расходите. Политичката криза која продолжи годинава, влијаеше на намалување на приватната потрошувачка, а фирмите и банките станаа попрудентни во однос на финансирање на нови инвестиции. Тоа се одрази на приходната страна.Ова го наведува Министерството за финансии како реакција на денешната прес-конференција на пратеникот Марјанчо Николов од СДСМ.
Според Министерството, политичката криза имаше влијание и на расходната страна на Буџетот.
– Поради двата предизборни периода реализацијата на капиталните расходи е успорена, затоа што во време на избори не може да се распишуваат јавни набавки. Доколку некои средства реално не можат да се искористат до крајот на годината зошто тогаш би се оставиле во буџетот и покрај ребалансот?, стои во реакцијата.
Во однос на ИПА средствата, Министерството истакнува дека сите проекти кои се реализираат со ИПА и кои се во тек, како Демир Капија-Смоквица, Пречистителна Прилеп или Битола-Кременица, продолжуваат со истата динамика.Ова го наведува Министерството за финансии како реакција на денешната прес-конференција на пратеникот Марјанчо Николов од СДСМ.
Според Мини

Пронајдете не на следниве мрежи: