Колку и да ви се чинат налудничави, овие 8 теории на заговор дефинитивно го привлекоа вниманието на светската јавност и за нив ќе се зборува и во иднина. Од наместени авионски несреќи, до вештачки создадени вируси за вршење на депопуларизација на светската популација – овие теории ја одбележаа 2014 година!1. Владата на САД го покри југот со лажен пластичен снег
На почетокот од 2014 година, САД ги завеале големи снегови дури и во топлите јужни области на Атланта и Џорџија. Меѓутоа, многумина не веруваа дека е тоа спонтана и природна појава. Некои жители на тие јужни области покажуваа видео снимки објавувани на Јутјуб дека се работи за лажен снег, а материјата е пластика. Грутки снег палеа со запалки, па наместо да се стопат како и сиот друг нормален снег, тој поцрнувал. Се појавија коментари дека е тоа стандардна реакција на пластика, а не на снег.
Владата и метеролозите понудија објаснување дека реакцијата е соодветна кога снегот се наоѓа во допир со пламен од гас – бутан. Но, малкумина веруваа во ова објаснување, покажувајќи иста постапка со нормален снег кој се топи, а не се лепи и поцрнува.
2. Дејвид Камерон сокрил наоѓалиште на нафта во Шкотска и го наместил шкотскиот референдум за независност
Британскиот премиер Дејвид Камерон и секретарот на Шкотска Алистер Кармајкл, на 22 јули ги посетиле Шетландските острови во Шкотска. Ова патување никаде службено не е заведено, ниту спомнато сѐ додека не е откриено од страна на новинарите.
Само неколку дена пред оваа таинствена посета, копачите откриле резерви на нафта која никогаш порано не е забележана во тие предели, ниту била претпоставувана. Работниците на копот биле исплатени и пуштени дома, при што им е кажано дека нема да се враќаат на работа се до завршувањето на референдумот за шкотска независност. Би-Би-Си ова го премолчува.
Веднаш по референдумот за независност на Шкотска кој се одржа на 18 септември 2014 година, се појавија видео снимки со докази дека броењето гласови не одговара на она што е констатирано во крајните записници кои покажаа дека 55% од Шкотите се против независност.
3. НАСА го саботирала вселенското летало „Вирџин галактик“
Прво ракетата Антaрeс експлодирала веднаш по полетувањето. Потоа, експлодирал и ракетниот авион на Ричард Бренсон, при што загина пилотот, а беше повреден копилотот. Земајќи во обѕир за какви високи технологии и скапи инвестиции се работи, две експлозии во низа станаа мистерија за познавачите на овие теми.
Најчести беа две објаснувања. Прво, преку изјава на американски агент, означен со измислено име Смит, дека за експлозиите се винови Русите кои демонстрираат сила на нови сателитски технологии, и кои експлозиите ги предизвикале во фазата на ракетен погон и нагло забрзување, кога леталата се и најчувствителни.
Второто масовно коментирано објаснување вели дека американската вселенска агенција НАСА самата предизвикала експлозии затоа што од страна на администрацијата на Обама е оставена без пари за развој на понатамошни проекти. Тоа се случувало бидејќи неколку мултинационални компании блиски до владата инвестираат во свои проекти за комерцијализација на вселената, како и свои воени проекти кои потоа ќе бидат продадени на амеркинаксата влада.
4. Појавата на кометата откриена во мисијата Розета е лага, станува збор за вонземјани
Еден настан во ноември го привлече светското внимнаие. Беше објавено дека вселенската сонда Розета се доближила до комета наречена 67П Чуријумов-Герасминк. Леталото Филе од сондата слетало на површината на кометата, и наводно заради немање доволно светлина на самото место не е видена како слетува и што прави потоа.
Според експерт на Европската вселенска агенција (ЕСА) 67П воопшто не е комета, туку вселенски брод со вонземјани. Според него тој објект емитувал сигнали со комуникација со години наназад, а мисијата на Розета која вреди неколку милијради долари е обид да се стапи во допир со тие технологии и во контакт со тие суштества, вели експертот Скот Веринг. Сомневањата во мистерија се дополнително распалени кога ЕСА објавила дека сигналите емитувани од 67П биле слични со гласот од делфините.
5. Еболата е биолошко оружје
Луис Фаракан, лидер на движењето Исламска нација, тврди дека еболата е димензионирана со селективно дејство – доминантно да напаѓа луѓе од црната раса. Професорот Френсис Бојл од Универзитетот во Илиноис, изјави дека се работи за хибриден вирус. „Ова не е нормална ебола со природни карактеристики, верувам дека е генетски модификуван и тоа со знаење и согласнот на државниот врв на САД“, тврди Бојл.
Конкурентите на Обама од Републиканската партија на САД одат и подалеку. Конгресменот Стив Стокман од Тексас и неколку други влијателни јавни личности во американската политика, тврдат дела еболате е експеримент со кој треба да се дојде до вируси кои селективно контролораат луѓе и владеат со нивните животи.
6. Малезиските MH17 и MH370 се ист авион
На 8 март годинава исчезна малезискиот патнички авион, Боинг 777 МН370 со 239 патници. Потоа, се случи соборувањето на малезискиот патнички авион Боинг 777 – МН17 (17 јули 2014), при што имаше 298 загинати.
Деновиве исчезна уште еден малезиски патнички авион, Боинг 737 на малезиската компанија „ЕрАзија“. Последниот авион, кој исчезна ноќта на 27/28 декември, последен пат е забележат како лета на неверојатно голема височина од 36.000 метри, со бавна брзина од само 353 јазли (655 километри на час). Авионите на вакви летови и од овој тип, летаат на височона 10-15.000 метри, со брзина барем три пати поголема од онаа која е забележана кај овој малезиски Боинг пред да исчезне.
Авионот Боинг 777, потоа, како друг е употребен за летот МН17 на авионот кој е урнат над Украина. Теретичарите на завера велат дека соборениот малезиски Боинг 777-МН17 е ист како службениот Боинг на рускиот престедател Путин, кој на истата рута над Украина летал малку претходно, на враќање од Германија. Соборен е намерно, за да се употреби како аргумент против Русија.
Меѓутоа, се тврди и дека малезискиот авион е намерно пуштен да лета во време блиско со летот на рускиот претседателски авион за да се добие алиби дека руските бунтовници од Украина го стрелале малезискиот авион, а по грешка го погодиле Путин.
7. Терористите од Исламската држава се производ на САД и Израел
Според оваа теорија лидерот на ИСИС, Абу Бакр ал Багдади воопшто не постои, односно дека се работи за сосема друга личност која под тоа име работи на проектот на САД и Израел. Патем, тој не е муслиман, туку е израелски актер со име Елиот Шимон, кој е претходно обучуван од ЦИА и Мосад.
Според документите кои ги објави пребеганиот експерт на ЦИА Едвард Сноуден, ИСИЛ е создадена за да биде лидер и матица на сите исламски терористички организации кои би биле под централна контрола.
Постојат и фотографии на кои Абу Бакр ал Багдади има средба со сенаторот Џон Мекејн, претседателски кандидат на изборите во 2008 година.
8. Ријана, Џеј Зи, Канје Веси и Бијонсе се членови на Илуминатите
Вистинските Илуминати се тајно друштво кое е основано во 1776 година, од страна на администратор на еден универзитет кој не бил воодушевен со тоа што Црквата има контрола над учењето. Идејата била да се протне агендата за Просветлувањето во сите области на јавниот живот, но во 80-тите години на 18 век, таа организација била поразена од владата. А, можеби не?
Симболот на Илуминатите е око во пирамида. Шон Картер, попознат како Џеј Зи, користи пирамида како лого за својата издавачка куќа „Рокафела Рекордс“. Неговата сопруга Бијонсе, во неколку наврати со раце го покажувала знакот на „пирамидата“, исто како Ријана и Канје Вест. Треба ли да се спомне дека малечката Блу Ајви (Blue IVY – Illuminati`s Very Youngest) е најмладиот Илуминати?1. Владата на САД го покри југот со лажен пластичен снег