Microsoft презема значаен чекор кон иднина без лозинки

Фото: Microsoft
Минатата година, Microsoft го воведе користењето на „passkeys“ за сите корисници на нивните услуги. Со оваа промена, корисниците имаат можност да се најавуваат на своите Microsoft сметки без да користат традиционални лозинки, заменувајќи ги со овие понапредни и побезбедни „клучеви“ за пристап.
Компанијата сега оди чекор понатаму и ја проширува оваа можност за најава на повеќе сметки, не само на оние на Microsoft, овозможувајќи им на корисниците да го користат системот за креирање и чување на passkeys преку Windows 11.
Најзначајната промена е новиот пристап кон создавањето на Microsoft сметки. Тие сега ќе се создаваат како стандард без лозинка, при што корисниците ќе можат да изберат од неколку методи за најава, од кои passkeys е препорачаниот начин.
Сегашните корисници веќе извесно време имаат опција да го отстранат или исклучат лозинката од нивната Microsoft сметка, што им овозможува најава преку известување од Microsoft Authenticator или преку додавање на passkey кој е достапен повеќе од година.
Исто така, најавено е мало редизајнирање на страницата за најава, што ќе го истакнува најбезбедниот и најлесен начин за најава, поттикнувајќи ја употребата на опции без лозинки.
Управувањето со passkeys сега е доста едноставно, а многу платформи веќе обезбедуваат услуги за нивно креирање и складирање. Покрај Microsoft, истото го прават и гигантите како Apple и Google, како и популарни апликации за управување со лозинки.
Ова значи дека корисниците треба да се навикнуваат на користење на passkeys, наместо традиционалните лозинки. Сепак, голем број на сервиси кои нудат најава со passkeys сè уште се потпираат на лозинките, иако имаат можност да го сменат тоа по примерот на Microsoft.
The post Microsoft презема значаен чекор кон иднина без лозинки appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: