Microsoft работи на интелигентен рачен часовник

Американскиот информатички гигант Microsoft работи на концепт на интелигентен рачен часовник со екран чувствителен на допир, пишува интернет изданието на деловниот магазин The Wall Street Journal од неделата, цитирајќи извори од кооперантите кај кои се нарачани делови за развој на часовникот компјутер.Според The Wall Street Journal, претходно годинава Microsoft, побарал од своите азиски партнери да организира снабдување со компоненти, вклучувајќи екран на допир со дијагонала од околу 4 сантиметри. Се претпоставува дека екранот е дизајниран за паметен уред во форма на часовник. Неименуван извор на весникот изјавил дека тој се сретнал со тимот на Microsoft за истражување и развој. Сепак, кога компанијата планира да го објави прототипот на уредот, сè уште не е соопштено. Официјални претставници на Microsoft одбиле за WSJ да ја коментираат оваа информација.Компанијата Microsoft уште пред десет години лансираше модел на интелигентен часовник кој ги нудеше најважните информативни наслови и спортските резултат, меѓутоа неговата комерцијализација беше сопрена во 2008 година.Оваа активност секако се должи на тоа што експертите предвидуваат зголемување на побарувачката по информатички производи интегрирани во предмети што човекот ги носи на себе во секојдневниот живот. Па така Google работи на интелигентни очила, како и јапонскиот гигант Sony кој поднел барање за патент кој подразбира компјутер кој ќе се носи на главата во форма на очила со два екрана, меѓутоа очигледно часовниците се она на што се концентрираат производителите.Доколку бидат потврдени информациите на WSJ, Microsoft значи планира да им се приклучи на Apple, Google и Samsung, за кои се шпекулира дека, исто така, работат на компјутери во форма на часовник.Доколку се случи лансирањето на паметниот часовник, ќе значи и дека Microsoft ја продолжува својата стратегија на преобразба од софтверска компанија во „производител на уреди и услуги“, како продолжение на таблетот Surface кој веќе е во продажба, а, како што се шпекулира, и дека работи на смартфон под сопствен бренд.„Очекуваме дека побарувачката за компјутери погодни да се носат како дел од секојдневните предмети ќе се зголеми, бидејќи смартфоните стануваат сé поголеми за постојано носење“, вели аналитичарот на компанијата RBS, Ванли Вонг. Според прогнозите на компанијата за анализи Gartner, пак, пазарот на паметните електронички уреди погодни за носење ќе порасне на 10 милијарди американски долари до 2016 година.
МакфаксАмериканскиот информатички гигант Microsoft работи на концепт на интелигентен рачен часовник со екран чувствителен на

Пронајдете не на следниве мрежи: