Microsoft автоматски симнува датотеки за Windows 10 и тоа без знаење на корисниците?!

Windows 10 стана најголемата премиера на Microsoft во неговата долга историја и е платформа која треба да го означи почетокот на целосно новата ера во развојот на компанијата.Софтверскиот гигант, исто така откри дека повеќе од 75 милиони корисници веќе ги прилагодиле своите компјутери кон неа и работат со услугата Cortana, прелистувачот Microsoft Edge, функцијата Windows Hello и др.
Компанијата вложува многу напор за да го привлече нашето внимание кон Windows 10, но нејзината агресивна стратегија сега ја соочува еден неочекуван проблем, информира TheNextWeb.
Излегува дека Microsoft автоматски ги симнува инсталационите датотеки на оперативниот систем, кои се со големина помеѓу 3.5GB и 6GB, дури и ако сѐ уште не сте се согласиле уред да биде ажуриран. Некои корисници забележале дека папката со името „$ Windows-BT“, зазема премногу простор и ја успорува работата на нивните компјутери, а секој пат кога ќе се рестартира се обидува да се го ажурира компјутерот кон Windows 10. Ова важи за корисниците на Windows 7 и Windows 8.
Не само што ова е досадно, туку исто така се одразува на сообраќајот на интернет, а што е непријатно се случува без знаење на сопствениците на компјутерите.
Интересно е дека Microsoft во соопштението ја потврдија оваа информација и аргументираат дека компанијата им помага на оние корисници кои се одлучиле да добиваат автоматски ажурирања од Windows Update, со што се повлекуваат предметните датотеки кои се достапни – ако одлучат да го ажурираат уред на Windows 10.
Во секој случај, сепак можеме да бидеме сигурни дека многу корисници нема да останат воопшто задоволни од оваа стратегија на Microsoft. Без разлика дали немате доволно празен простор или едноставно не сакате да го инсталирате Windows 10 оперативниот систем, ќе биде интересно да видиме дали слични вакви потези ќе влијаат негативно врз желбата на луѓето да работат со новата платформа на компанијата.Софтверскиот гигант, исто така откри дека повеќе од 75 милиони корисници веќе ги прилагодиле своите компјутери кон неа и работат со услугата Cortan

Пронајдете не на следниве мрежи: