Група од околу 300 до 500 мигранти, попладнево после 14 часот илегално влегле на територија на Република Македонија кај месноста наречена „Ќупот“ во близина на гевгелиското село Моин каде утрово се удавија тројца Авганистанци во надојдената вода на Сува Река.– На нашата територија мигрантите влегле непречено на местото каде завршува жичаната ограда, меѓутоа веднаш биле пресретнати од нашите безбедносни сили, разделени во групи и оневозможени да продолжат да се движат низ Македонија, изјавија за МИА од регионалниот Центар за управување со кризи.
Моментно групите мигранти се уште се на македонска територија добро чувани и обезбедувани од припадниците на АРМ и полицијата.
Состојбата на местото на настанот сега е мирна. Раководителот на ЦУК Гевгелија, Зоран Лазаревски за МИА изјави дека според правилата мигрантите кои нелегално влегоа на територија на РМ ќе бидат вратени назад од местото од каде што влегле во Македонија.– На нашата територија мигрантите влегле непречено на местото каде завршува жичаната ограда, меѓутоа веднаш биле пресретнати од нашите безбед