Според последните информации од јужната македонска граница, мигрантите се вратени на грчка територија. Притоа, македонските власти привеле и 80-тина претставници на странски медиуми, кои незаконски со мигрантите ја преминале границата, објави МРТ.Грчки невладини организации ги насочувале мигрантите од импровизираниот камп кај граничното село Сехово кон македонската граница, при што им биле делени и флаери со мапи, по кој пат да се заобиколи двојната заштитна ограда.
За ова јавуваат повеќе странски медиуми, нагласувајќи дека грчките полициски власти не го спречиле обидот на околу 2 илјади мигранти за влез во земјава.
Според последните информации од јужната македонска граница, мигрантите се вратени на грчка територија. Притоа, македонските власти привеле и 80-тина претставници на странски медиуми, кои незаконски со мигрантите ја преминале границата. Тие се казнети со 500 евра глоба и забрана за известување од 6 месеци.
Македонските безбедносни сили ги зајакнаа мерките, особено на илегалните гранични премини. Сепак, граѓаните од пограничните македонски села стравуваат за својот имот и живот, поради користењето на алтернативните патишта на бегалците кон ЕУ.Грчки невладини организации ги насочувале мигрантите од импровизираниот камп кај граничното село Сехово кон македонската граница, при што им биле д