Михајловски: Да можам да се сретнам себе на 15 години, да поразговарам со тој тинејџер!

Loading...

Пишува: Тони МихајловскиСтруја на свеста …е вежба за мозокот. Без запирање и никаква цензура треба да се изговараат мислите што ти течат низ главата.
Пробај. Мисла. Интересна работа. Што е мисла? Хм…! Мислам за да дефинирам што е тоа мисла.Најупотребуваниот збор во речиси секоја реченица. Јас мислам… Моето мислење… Што мислите вие… итн. Каде седи мислата? Во главата или тргнува од градите. Како ја гледаш својата мисла? Како лента по која течат зборовите или пак ја слушаш само ти и понекогаш се фаќаш себеси како и враќаш гласен одговор? Ко некој нездрав разговараш со самиот себе. Не знам што има нездраво во тоа. Какви сè мисли ти се вртат низ глава. Без никаков редослед и ама без башникаква логика. Перверзни, смешни, тажни, охрабрувачки, депресивни, убави, грди. Каква му е мислата, таков е и човекот. Те плаши ли понекогаш твојата мисла? Која е првата мисла на човекот?
Пак ми се пуши цигара. Многу бргу ги пушам цигарите. Далеку под просек. За 5 минути од палење до гасење. Треба да ги откажам.
Треба. Од Понеделник. Како лажам. Најслатко после цигара ми е цигара. Можеби треба да откажам некои луѓе. Поштетни се од цигарите. Мислам.
Многу често разговарам со себе во последно време. Се расправам. Со себе нормално, а и со другите. Јеботе, понекогаш сум стварно како зајко во вицот… Што кој прашуе? Ја прашуем, пичка ви материна… Би сакал да можам да се сретнам себе на 15 години и да поразговарам со тој тинејџер. Да го слушнам како размислува. Да му кажам што мислам јас сега. Дека е подобро повеќето свои мисли да ги сочува за себе. Не би го тупел многу. Повеќе би го слушал. Би сакал да ме потсети на работи што сум ги заборавил. Би отишол со него на работна акција. Да бидам искрен би му кажал и неколку резултати на утакмици што ќе се одиграат во иднината…
Не си купив бинго за понеделник. Никад ништо не ми се паднало. Никад. Тој јуне нема да ме муне викаат у мојот крај. Најголемата  добивка ми е нова грепка. Ама упорен сум. Еднаш дури сум купил ливче од иста трафика од кај што го купиле добитното ливче. Тоа ми дава надеж. Надежта умирала последна. Доколку воопшто се роди, секако. За да умре нешто првин мора и да се роди. Добро е што пак има бинго. Само да не го укинат пак. Да не му текне пак на некој генијалец дека среќата и парите се само за привилегираните.
 
Среќата и парите никогаш не оделе заедно. Така викаат умните луѓе. Тоа значи дека богатите се несреќни до болка а сиромашните се среќни у три пичке материне. Не ми изгледа баш така. Или тука некој л’же и глуми. Или богатите глумат среќа или сиромасите се преправаат дека им е лошо. Морам да си купам бинго. Ќе земам три.

 
Две се малер. Сонував бројки пред некој ден, ама кога станав, ги заборавив. Можда треба да играм лото, мајку му? Требааа… треба да си земам соновник и апаратче за мерење притисок.
Многу турски серии, бре, мајку му. Мислиш само Турците снимаат у светов. Не дека се лоши, ама многу се. Децата сакаат да станат или Полат или Мемати кога ќе пораснат. За нив мафијаш е вработен човек што носи пиштол, одело, има канцеларија и компјутер. Жените ги категоризираат на Ферхунде – згодна, ебоповиклива и злобна снаа, Џеврие – свекрва змија. Ок си е категоризацијата, ама имињата се чуждински. Добро би било да се земе некоја грчка серија и да сенатсинхронизира на македонски. Онака, за ќеф.
Се изнајадов гомна за проектот Скопје, ама рака на срце, Скопје никогаш не изгледало подобро. Мааалку е гужва на плоштадот ама има бре конечно покрај што да се сликаш ако ништо друго. Ти застанува здивот покрај споменикот на Александар. Би сакал секој град во Македонија да направи ваков проект. За 20 години не паметам кога се градело олку многу, олку долго и олку наеднаш.Обично се застануваше ден два по избори. Сега еве не. Сега најгрдата градба е стариот мост кој го реновираа 8 години. Знаеме кој. Не му стои кратовскиот мермер па ако сака златен нека е.
Пак ми се пуши цигара. А да му опнам и ја едно писмо на Филе. Не на наш Филе,туку на Европеецот. Што да му пишам? Како да почнам? Драги мој Филе… Да не ме разбере погрешно а? Може и да е обратен. Боље би било да почнам со Филе брат. Ваљда нема да удри на брат. Да му објаснам во писмото дека името не е улошка, па да се смени.
Името не го поседуваме ние за да го продадеме или да го смениме. Дали можеме да му го смениме името на небото, сонцето, морето… би му пишал. Грците не можат да го разберат тоа. Тие никогаш не биле наши браќа, туку само лути непријатели. За нив сме само недоосвоена земја од која со векови се плашеле. Тие отсекогаш доаѓале и земале без прашање сè што им треба и продолжувалепонатаму. Нè прогонувале и нè терале да ги заборавиме родендените на сопствените деца и гробовите на своите татковци. Да го заборавиме јазикот на предците. Би го прашал дали за изговорен збор на мајчиниот јазик бил теран да испие литар масло и да добие 50 стапа. Во што би се состоела радоста на животот ако човек не може себе да се нарече како сака и да зборува на јазикот негов. Една работа ќе осознаете и вие и вашето миленине. Не го поседувате бога.Бог е еден за сите. И за Македонците и за Грците па и за Европејците. Така би му пишал. Само што тогаш писмото ќе личи на писмото на индијанскиот поглавица Селт од племето Дувамиш а тоа би го повредило Филе пиле. Па зар зборуваме за егзодус…
Ова беше мојата струја на свест. Запишете ја и вие вашата и објавете ја некаде без да размислувате за оние паметни лајна што коментираат сè и сешто… Тие и немаат друга сатисфакција… Колумна на Тони Михајловски објавена во македонскиот Плејбој пред две годиниСтруја на свеста …е вежба за мозокот. Без запирање и никаква цензура треба да се изговараат мислите што ти

loading...
Loading...