Мики Секуловски со видео за песната „Друга не допира“

(05.09.2014 – Скопје) – Светски видео запис за „Друга не допира“, шести официјален по ред сингл на пејачот Мики Секуловски се промовираше на Youtube каналот на Sky Eye Entertainment. Песната е пуштена во етер на сите македонски радија, телевизии, како и на балканските видео канали.„Среќен сум за својот шести сингл и сигурен сум дека ќе им се допадне на фановите. Тимот на луѓе со кои што работев се вистински професионалци и со нив имам одлична соработка и разбирање. Оваа песна и спот се најава за тоа што следува, односно мојот деби албум што наскоро ќе биде промовиран“ изјави Мики Секуловски.
Главен модел во спотот е Билјана Шкортова, а истиот е сниман на повеќе локации во државата, поточно кај клисурата во Демир Капија, Кавадарци и во околината на Прилеп. Во режија е на Илија Тодоровски од продукцијата Sky Eye Entertainment, а музиката и аранжманот за песната се на Зоран Алексиќ, додека текстот го напиша пејачката Рената Кралевска.
Последниот сингл на Мики „Како да преживеам“ беше изведен на Фестивалот на забавни мелодии Макфест 2014, и беше проследен со големи аплаузи од публиката. Секуловски во моментов е ангажиран со своите настапи во клубовите низ државата.„Среќен сум за својот шести сингл и сигурен сум дека ќе им се допадне на фановите. Тимот на луѓе со кои што работев се вистински професионалц

Пронајдете не на следниве мрежи: