Милчо Велјановски:Создавам чисто од креативни побуди

Дали сте ги забележале оние иронични цитати на Фејсбук? Оние несериозни отсликувања на реалноста кои со својот ироничен концепт покажуваат еден паралелен универзум во кој нештата се далеку посмешни од овде? Ние истражувавме и дознавме, доста голем дел од нив доаѓаат од  само еден човек – Милчо Велјановски. Милчо е креативец, но и семеен човек. По образование е дипломиран правник, но со филозофска и уметничка душа, како што објаснува тој на нашите љубопитни прашања. На наше изненадување, ни раскажа како неговиот статус со изреката на кошаркарот Владо Илиевски – „Леле што направивме“, стана национален хит и сите весници објаснувајќи го почетокот на таа ненадејна национална возбуда, го обвинија токму името Милчо Велјановски.
Ајде да го запознаеме Милчо малку одблизу. Што прави Милчо во животот освен шеговитите слики и статуси на Фејсбук?
– Практично целото мое образование го насочив кон правото од средно школо до факултет, но со оглед на тоа како јас го сфаќам правото секогаш му давав онтолошки поекстензивен пристап на проучување – естетски и суштински. Постдипломските ги насочив кон поинтердисциплинарен пристап на правото и направив еден интересен спој помеѓу литературата, историјата, правото и филзофијата. Фокусот на проучување ми беше византологијата, ортодоксната филзофија, кирилометодивистиката, фолклорот и обичаите, посебно низ призмата на правото.

Но зар не е ова малку пресериозно за она што на прв поглед те остсликува кога човек ќе ги разгледа твоите слики на фејсбук?
– Тоа е животот и, допрва следува сериозното. На Институтот за македонска литература имам пријавено теза, која набрзо треба да ја одбранам, со наслов Обичајното право во записите на Кузман Шапкарев. Добар дел од моето практично образование и работно искуство го стекнав во Собранието на Република Македонија и лично сум автор на предлог Закони, Декларации и анализи. Бев вклучен и како правен консултант на многу проекти од областа на анти-дискриминационото законодавство. Добро Милчо, од каде страста за иронијата? И како одлучи токму преку фејсбук да ги изразиш своите креативни-иронични замисли за општествените случувања?

Повеќе на think.mkМилчо е креативец, но и семеен човек. По образование е дипломиран правник, но со филозофска и уметничка душа, како што

Пронајдете не на следниве мрежи: