Градоначлникот на Град Скопје, Коце Трајановски, заедно со директорот на ЈП „Македонски шуми“, Жарко Караџовски, претставници од здружението на граѓани „Ден на дрвото- засадија ја својата иднина“, градоначалниците на скопските општини и директорите на јавните преттпријатија на Град Скопје, денеска /29.11.2016 година, вторник/ на прес-конференцијата ги презентирани деталите за акцијата „Ден на дрво“, што ќе се одржува утре /30.11.2016 година, среда/ на територијата на целата држава.- Градот Скопје и годинава се вклучува во традиционалната акција Ден на дрвото во којашто на територијата на градот Скопје ќе бидат засадени околу милион садници. Екипи на Градот Скопје во урбаниот дел на градот ќе засадат 256.000 садници, односно по булеварите, на кејот на реката Вардар, во блоковското зеленило, во дворовите на јавните установи и во дворовите на средните училишта на Град Скопје. Овие висококвалитетни садници се набавени од ЈП „Македонски шуми“. Во другите скопски општини, во секоја општина на одредени локации, ќе се засадат околу 12.000, исто така, висококвалитетни садници коишто се од ЈП „Паркови и зеленило“. Дел од садниците ќе им бидат додели и на граѓани, односно домаќинства. Градот Скопје ја поддржува оваа граѓанска акција со цел да се подобрат условите за живот во градот и да се намали загадувањето на воздухот, изјави на денешната конференција за медиумите градоначалникот Трајановски.
Директорот на ЈП „Македонски шуми“, Жарко Караџовски, истакна дека годинава ќе се засадат вкупно околу 2, 6 милиони дадници на 550 хектари, а во акцијата најмногу акцент е ставен на најзагадените градови, односно на Скопје, Битола, Кичево и Тетово. На територијата на Скопје акцент е ставен на просторот околу обиколницата.
Претставниците од здружението на граѓани „Ден на дрвото – засадија ја својата иднина“ ги повикаа граѓаните да учествуваат и во оваа 17. акција и да дојдат на веќе познатите локации.
– Градот Скопје и годинава се вклучува во традиционалната акција Ден на дрвото во којашто на територијата на градот Скопје ќе бидат засад