Интегрален текст од прес конференција за медиуми, која се одржа денес (23.04.2016), во просториите на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, при што се обрати г. Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Оваа прес конференција денес е за политичката пристрасност, селективност и нетранспарентност во постапувањето на СЈО.
СЈО со секоја своја нова прес конференција покажува дека работи повеќе како политичко а помалку како обвинителско тело и со тоа се повеќе ги руши очекувањата на јавноста и довербата која му беше дадена преку партиите со договорот од Пржино со кој што беше формирани ова обвинителство кое требаше да биде професионална и независна институција.
Наместо независна и професионална институција која ќе постапува исклучиво врз основа на закон и ќе работи само со докази и аргументи при испитувањето на материјалите поврзани со незаконското следење на комуникациите, ние гледаме дека СЈО настапува како политичка, непрофесионална и пристрасна институција која што ги заобиколува законите и настапува партиски по претходно утврдена агенда. Станува јасно дека Специјалното јавно обвинителство со низа политички настапи, надвор од секаков правен контекст, го губи кредибилитетот кај јавноста.
Веќе никој ниту очекува, ниту може да добие објективен одговор од тимот на Катица Јанева, а најмалку од госпоѓата Јанева. Напротив, од неа може да се очекува само глумење на инквизиција и натамошно политичко ангажирање во кампањата на Заев.
Граѓаните треба да знаат дека театралните прес конференции имаат само една цел, а тоа е да го компензираат недостатокот од аргументи. Театралните прес конференции на СЈО имаат исто така цел да му дадат изговор и повод на Заев за некакви насилни протести и испади за време на собирите на одредена група на граѓани. Се разбира настапите на СЈО се замислени да го компензираат недостатокот од политичка програма и платформа на СДСМ. Да не настапуваше СЈО на такви театрални прес конференции СДСМ немаше да биде присутен во политилката јавност во изминатиов период. Очекуваме дека и во иднина тие ќе настапуваат на ваков политички начин. Театралните прес конференции сигурно немаат за цел да направат правна разврска на случаите бидејќи дури после поднесеното барање за отворање на истраги од Специјалното обвинителство би се знаело дали навистина постојат некакви докази за оформување на обвинителни акти.
Всушност овие политички прес конференции на обвинителството, имаат и втора цел, а тоа е да ја компензираат празнината, односно непостоењето на докази во случаите кои ги работат.Значи колку повеќе шминка и колку повеќе глума на прес конференциите на СЈО толку помалку докази и аргументи за случаите што ги пласираат политички.
Како специјалното обвинителство стана карикатура и како институцијата во континуитет ја рушеше, наместо да ја гради довербата што би требало да ја имаат и кај другите институции и пред се кај јавноста?
Прв чекор на Катица Јанева беше крајно арогантното повикување на останатите јавни обвинители да не положат заклетва пред Советот на јавни обвинители кој е надлежен да ги контролира, заради тоа што Советот ценел дека според обемот на работа, СЈО нема потреба од толку обвинители. Се испостави дека Советот бил во право бидејќи г-ѓа Катица Јанева, некој месец подоцна ги разреши двете обвинителки Лејла Кадриу и Марија Ѓоргевска со образложение дека немало голем обем на работа, па тие не и биле потребни, иако во јавноста протекоа информации дека истите тие не се согласувале со исполнување на политичките нарачки наместо истата да биде обвинителска и институционална . Во однос на екипирањето на Специјалното јавно обвинителство не смее да се заборави ниту фактот дека таму почнаа да се вработуваат ќерки, синови, братучеди на обвинителите кои што се дел од ова СЈО, што е навистина еден синоним за класичен непотизам и за едно затворено делување на институцијата која сака да се претстави како транспарентна и отчетна. Можеме да замислиме како ги водат другите процеси внатре ако на таков начин ги водат вработувањата, финасиите, набавките и нивната неподготвеност за транспарентно однесување пред јавноста.
Вториот би рекол скандалозен чин на ова СЈО беше прогласувањето на Парламентот, Претседателот на Република Македонија и Уставниот суд за нелегитимни. Ова значи дека обвинителката Јанева својата политичка оценка ја стави над изборната волја на сите граѓани на Република Македонија кои што гласале за парламентарниот состав или за претседателот на државата. За ваквиот став, Катица Јанева се повика на снимките кои што ги добила од господинот Заев, но повикувањето на овие снимки и давањето на ваков политички став е неодговорно однесување, надвор од нејзините надлежности и со ова навистина се деградираат институциите и државата кои и го дадоа мандатот, а пред се и граѓаните кои што го дале мандатот на Собранието, на претседателот или на било кои други непосредно избрани функционери.
Оваа постапка на Јанева беше осудена од јавноста и граѓаните кои во неа видоа продолжена рака на оние што работат против Македонија. Знаат добро дека ваквите изјави и ставови не се ниту судски ниту обвинителски, ниту професионални туку чисто политички изјави. Во тој контекст јавноста нема да заборави дека Катица Јанева, иако зема плата од граѓаните, одби јавно да дојде пред Собранието на РМ како место каде граѓаните го дале својот мандат, легитимитет, да го претстави својот шестмесечен извештај и транспарентно да одговори пред јавноста што и како се работи во СЈО.
Парадоксот е таков што СЈО како институција повикува на транспарентност и отчетност, а г-ѓата Јанева бега од таква транспарентност и отчетност и не смогна сили да се обрати пред Собранието да настапи и на транспарентен начин да одговори зошто барала од државата трет стан покрај двата што ги поседува во Скопје и дали е доволен буџетот со кој што работи обвинителството и на кој начин се распишуваат тендерите. Колкав е бројот на обвинителни акти, а колкав е бројот само на прес конференции. Дали доставила извештај до Владата во прилог на барањето за доделување земјоделско земјиште и уште многу неодговорени прашања кои г-ѓата Јанева ги избегнува како одговори кои ги должи на јавноста.
Кога станува збор за правното постапување, за овие неколку месеци бевме сведоци на десетици случаи на целосно непознавање на законите, но и случаи на нивно кршење и заобиколување.
Прв потег на Катица Јанева во овој контекст беше барањето Зоран Верушевски да се ослободи од притвор заедно со останатите осомничени во предметот „Пуч“. Освен што јавноста знаеше дека Верушевски е член на СДСМ кој и во 2001 година се занимавал со прислушкувањето немаше ниту еден правен аргумент зошто СЈО се одлучи на ваков чекор. Наместо образложение, јавноста ја слушна благодарноста на семејството Верушевски до Зоран Заев за ослободувањето. Дури потоа Јанева побара увид во доказите од предметот Пуч, а заради тоа што не остварила увид, во неколку наврати бараше да се одложи рочиштето. Што се случи, Верушевски кој што е познат на јавноста за нелегално прислушкување и 2001 и 2015 година, излезе од притвор , но затоа без наредба на судот, само за да бидат задоволени апетитите на Заев и медиумите под контрола на СДСМ, господинот Едмонд Темелко беше внесен во притвор.
Имаме двајца луѓе, едниот кој што на два пати бил вклучен во контроверзни афери поврзани со прислушкувањето како Верушевски кој што Јанева го ослободи од притвор и другиот господинот Темелко единствениот Македонец градоначалник, надвор од Македонија, кој што брани човекови права кој што заради интересот на господинот Заев беше внесен во притвор. Тоа е однесувањето на СЈО по однос на нивната селективност. Јанева постапувала незаконски во координација со техничкиот министер од СДСМ Оливер Спасовски, во случајот со Централниот регистар. Основниот суд Скопје 1 потврди и дека Катица Јанева добила наредба за одземање на документацијата од централниот регистар, но сепак таа и господинот Оливер Спасовски во случајот со одлучија да прават спектакли па распоредуваа специјалци пред институцијата заради измислени кражби на предмети. Афери како од фабриката на Чауш. Следниот ден немаше ништо од тоа, а судот се изјасни дека се работи за филмско сценарио.
Потоа следуваа и кривични пријави против обвинителките Лиле Стефанова, Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски заради малтретирање во вршење на службата.На сведоци кои ги повикувалем, на граѓани кои ги повикувале во СЈО им се обраќале со зборовите: „Гледаш ли Никола Груевски што прави од државата? Ти имаш фамилија. Соработувај инаку ова нема да застане тука и ќе биде лошо за тебе”. На овој начин се обраќал тимот на Катица Јанева, се заканувал на граѓани кои ги повикувале. Недолично, политички и спротивно на законските процедури. Следеа и десетици други пријави од граѓани кои обвинија дека добивале разни вербални закани, а на некои од нив им било вадено и оружје од истражителите за време на разговорите се со цел да прифатат да дадат изјави во кои не веруваат, а со тоа да се оправдаат политичките акции на СЈО.
Најеклатантен пример е поткупот од 100 000 евра кој вработен во МВР го нудел на едно лице за истото да даде невистинита изјава во полза на политизираните случаи на СЈО. За овој случај веќе е поднесена кривична пријава од МВР. Не помалку страшно е што биле упатувани и закани кон судии и кон други вработени во обвинителство или други институции , кои што исто така беа пријавени. Дека заканите и недоличното однесување за Катица Јанева не се нешто ново, се потврди и кога од страна на СЈО беа вршени притисоци врз судот преку објави на социјалните мрежи дека била испуштена историска шанса, судот да се запише во историјата, само заради тоа што не изрекол барање мерка притвор, кое што било доставено од СЈО. При што тоа значи грубо мешање во надлежноста на одлуките на било кој суд.
На прес конференциите на СЈО во недостаток од посилни аргументи почнаа да присуствуваат и странски амбасадори, кои што веројатно имаат за цел да го компензираат недостатокот од самодовербата во аргументите на СЈО, а не ретко имале и консултации за време на обработка на одредени предмети. Според медиумите, меѓународни претставници почнале да бидат дел и од судските процедури додека се постапувало точно по случаите иницирани од г-ѓата Јанева и Заев. Најново е што во последно време судии се повикуваат во некои странски амбасади и им се врши притисок како да судат и да даваат притвори и други истраги по барање на СЈО. Оваа практика уште толку го урива угледот на СЈО и сметаме дека го прави една непрофесионална институција која што не би требала да постапува на ваков начин. Кога на тоа ќе се додаде толерирањето на Заев кој го кршеше договорот и не ги доставуваше незаконски прислушуваните материјали, разликата од 500 000 материјали кои Заев велеше дека ги предал, а Катица Јанева ги примила, станува јасно зошто угледот кој го има или нема СЈО е многу низок. Катастрофален е затоа што Катица Јанева не покажа интерес како кај Захир Бекири Чауш завршиле 70 000 незаконски прислушувани разговори во фолдер СДСМ – Заев. Затоа што Заев лажеше дека тој бил најприслушуваниот човек, а се објавуваат монтирани разговори само за членови од ВМРО ДПМНЕ и Катица Јанева постапува по една политичка агенда.
Затоа преку 65 % од граѓаните на РМ сметаат дека специјалното јавно обвинителство ниту работи независно, ниту е професионално, а со сигурност може да се види дека се работи на селективен и политизиран начин во корист на една политичка партија.
Единствено Зоран Заев има понизок рејтинг, односно единствено Зоран Заев е повисоко рангиран во негативното мислење на граѓаните од СЈО.
Сметаме дека е време ова обвинителство да ја преиспита својата работа, да ги обмисли своите настапи, да не посветува толку време на филмски прес конференции, туку повеќе време на обвинителни акти, на процедури, на законски норми, на професионално однесување за да може да го има кредибилитетот и основата према која е основано во договорот од Пржино.Оваа прес конференција денес е за политичката пристрасност, селективност и нетранспарентност во постапувањето на СЈО.
СЈО со секо