Милошоски: Владата да ги запознае пратениците со содржината на договорот за добрососедство

Очекуваме Владата да ги запознае пратениците со содржината на договорот за добрососедство, истакна пратеникот Антонио Милошоски во „Отворено студио“ на ТВ НОВА, коментирајќи го договорот што Македонија би требало да го потпише со Бугарија.-Очекуваме новата Власт да покаже дали ќе се држи до принципите што ги промовираше. Премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров кажаа дека сакаат Собранието да биде дел од секоја поголема политичка одлука, каков што е случајот со договорот со Бугарија, а истовремено ја сакаат и поддршката од опозицијата. Очекуваме да го споделат договорот што Димитров најави дека е усогласен. Откако ќе се потпише истиот не може да се менува, затоа важно е пратениците да бидат запознаени со него. Гледаме дека договорот се уште се држи во тајност и тоа ни создава сомнеж. Како може Владата во Софија да разговара со пратениците во парламентот во врска со содржината, а  Владата во Скопје да го крие, посочи Милошоски.-Очекуваме новата Власт да покаже дали ќе се држи до принципите што ги промовираше. Премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Д

Пронајдете не на следниве мрежи: