Милошоски: Влезот во ЕУ и НАТО треба да останат приоритет на Република Македонија

– Влезот во ЕУ и во НАТО треба да останат приоритет на Република Македонија но и на сите нејзини високо рангирани функционери, посебно на генералниот секретар на владата на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ го реафирмира барањето до членките на НАТО и на ЕУ да се започнат што поскоро заслужените преговори за членство во ЕУ за што се доби целосната препорака во 2009 година и да се добие поканата за членство во НАТО која што Македонија ја заслужи уште во 2008-тата година, а доби потврда за истото и од меѓународниот суд на правдата во Хаг. Истовремено, напоменуваме дека единствената пречка до сега беше проблемот кој што јужниот сосед го има со уставното име на Република Македонија, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски.Новата Влада, според него, треба да се огради од ставовите на Рашковски како генерален секретар на владата на СДСМ.
– Треба да го ограничи неговото анти НАТО делување, барем да нема влијание во оние проекти и закони кои што ќе бидат важен дел од евро-атлантскиот интегративен процес, додаде тој.
Според Милошоски, Рашковски нема ниту реформски, но за жал ниту демократски капацитет.
– Ваков човек ваква личност, политичар или професор, а сега и генерален секретар на Владата навистина треба да се запрашаме дали има човечки, политички и демократски капацитет за таква висока позиција во владата на Заев, додаде тој.
Сметаме, истакна Милошоски, дека во новата Влада не би требало да има ниту место за луѓе кои што тврдеа дека ќе се лее крв по улиците за да падне режимот.
– Овие луѓе кои што имале ставови против НАТО, кои што имале ставови против граѓаните и кои што барале нивно шамарање или воспитување или кои што имале ставови дека треба некаков конфликт и крв по улиците да биде цената за доаѓање на власт, не би требало да се дел од ниедна Влада и од ниедна институција во Република Македонија, рече Милошоски.
Рашковски како докажан противник на НАТО, според Милошоски треба да биде изолиран од процесите кои што ќе се однесуваат на евро-атласките интеграции на Република Македонија. Новата Влада, според него, треба да се огради од ставовите на Рашковски како генерален секретар на владата на СДСМ.
– Треба да го огр

Пронајдете не на следниве мрежи: