Мини фантазија за 20 минути: Без печење, без миксер – Прекрасен ролат готов за час!

Без печење, без миксер – Прекрасен ролат готов за час!Состојки:
Темен фил:
300 гр мелени бисквити
250 мл млеко
100 гр шеќер во прав
2 супени лажици какао
1 јајце
Бел фил:
250 гр маргарин
200 гр кокосово брашно
150 гр шеќер во прав
и уште:
3 банани
1 супена лажица сок од лимон
Подготовка:
Во еден сад измешајте ги мелените бисквити, шеќерот во прав и какаото.
Додадете млеко и јајце кои сме ги изматиле со виљушка, па измешајте да се добие компактна смеса.
Во друг сад добро измешајте го маргаринот претходно оставен на собна температура со шеќерот во прав. Постепено додавајте кокосово брашно и мешајте се фино да се поврзе.
На поголемо парче провидна фолија истурете го темниот фил, покријте со друго парче фолија, па со сукало истенчете го во правоаголна кора.
Тргнете ја фолијата од едната страна, па над темниот фил ставете го белиот. Повторно покријте со фолија и со сукало истенчете да се спојат филовите.
Бананите излупете ги и премачкајте ги со лимонов сок.
Тргнете ја фолијата од белиот фил, по средината наредете банани, па заролајте.
Ролатот ставете го на ладно, заедно со фолијата која беше на долната страна.
Напомена:
Нека не ве чуди количината на маргаринот. Кога ќе се олади ролатот, ќе биде прекрасен, и миризлив, а маргаринот воопшто нема да се почувствува.
Добар апетит.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Состојки:
Темен фил:
300 гр мелени бисквити
250 мл млеко
100 гр шеќер во прав

Пронајдете не на следниве мрежи: