Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и градоначалникот Марјан Ристески денеска го посетија манастирот Трескавец

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и градоначалникот Марјан Ристески денеска го посетија манастирот Трескавец и се запознаа со тековните градежни активности. Фирмата „Кото инженеринг“ од Белград ги обновува опожарените конаци на манастирот „Трескавец“ и истите работат со полна пареа.Министерката Милевска во својата изјава посочи дека интензивно се работи на обнова на опожарените конаци кои ќе се обновуваат според изготвениот проект и треба да ја задржат автентичноста.
Според градоначалникот Марјан Ристески, манастирот Трескавец со изградбата на новите конаци се повеќе ќе го зголеми културниот и манастирскиот туризам.
Претставниците од фирмата „Кото инженеринг“ посочија дека имаат големо искуство во реставраторско-конзерваторски работи, обнова на манастири, соработувала и со УНЕСКО и ЕУ.
Проектот е работен за да се врати автентичноста на самиот манастир, не она што луѓето го паметат пред пожарот, туку според автентична слика на конаците од најстарите фотографии. Најстарата фотографија е од 1846 година на која се сликани прилепските еснафи посочи монахот Калист.
 Министерката Милевска во својата изјава посочи дека интензивно се работи на обнова на опожарените конаци кои ќе се обновуваат според изготвениот пр

Пронајдете не на следниве мрежи: