Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, денеска во Битола ги пушти во употреба првата биогасна централа во Македонија и современата фарма за крави на ЗК „Пелагонија“.Станува збор за биогасна централа со капацитет од три мегавати и современа фарма наменета за 2.000 молзни крави за кои ЗК „Пелагонија“ – Битола инвестираа 20 милиони евра.
– Се надевам дека и понатаму ќе има вакви и слични инвестиции во земјоделството со искористувањена финансиски средства од буџетот на Република Македонија, односно директните инвестиции кои секоја година се од над 100 милиони евра и Програмата за рурален развој од каде годишно издвојуваме околу 50 милиони евра. Третиот финаниски извор е програмата ИПАРД 2 проектиран на 106 милиони евра и доколку паметно се вложат, земјоделството ќе се движи напред, истакна министерот Цветков.
Биогасната централа има најсовремено еколошко решение за справување со арското ѓубре од фармата со чија преработка и заедничко ферментирање со фуражната пченка се добива биогас, а од него ќе се произведуваат по три мегавати струја на час. За изградба на биогасната централа и производство на „зелена“ енергија ЗК „Пелагонија“ Битола вложи 10,5 милиони евра, додека пак за набавка на молзни крави јуници и изградба на современа фарма, 9,78 милиони евра.
– Со овој систем се обезбедува обновлива енергија. Оваа домашна инвестиција внимава на екологијата, на начинот на производство и на квалитетот. Оваа инвестиција е потврда за исклучителната соработка на локалната самоуправа, Владата и инвеститорите, рече битолскиот градоначалник Владимир Талески на промотивниот настан во ЗК „Пелагонија“.
ЗК „Пелагонија“ – Битола инвестира и во фармата кај селото Породин, со што ќе се заокружи вкупното производство на електрична енергија од шест мегавати на час, а планирана е и изградба на стакленици за двете централи на површина од 10 хектари со што освен што ќе се користи топлината која се добива од ладење на генераторите, ќе се обезбеди и целосна еколошка заштита на земјоделските површини и на околината, информираа од ЗК „Пелагонија“ – Битола.Станува збор за биогасна централа со капацитет од три мегавати и современа фарма наменета за 2.000 молзни крави за кои ЗК „Пелагонија“