Министерот не се грижи за нас, цената на бостанот е мизерна

Земјоделците се незадоволни од третманот на новата влада и денеска од Струмичко дојдоа пред зградата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, каде што го расфрлаа бостанот, и како што велат, му го однесоа бакшиш на новиот министер.Бостанот ни е веќе при крај, а никој не дојде да не консултира, да види каква мака имаме ние на нивата. Министерот две недели го повикуваме секој ден, имаме и штрајк кај Струмичко, долу кај нас. Затоа денеска ние дојдовме кај нашиот министер кој треба да се грижи за нас, изјави Станислав Појкиловиќ, производител на лубеници од село Колешино, општина Ново Село.
Вели дека досега 90 отсто од бостанот кој го произведувале успевале да го продадат, а оваа година, поради ниската цена нема да успеат ниту 40-50 проценти да продадат.
– Оваа година воопшто не можеме да ги продадеме лубениците и имаме мизерна цена од два до три денари нон-стоп од почетокот до крај имаме просек од два и пол денари по килограм лубеница. Секоја година имавме по седум денари во просек. Го продававме бостанот 90 отсто, а оваа година 40-50 проценти не можеме да го продадеме на прво место. Затоа тие два денари што ги кажуваат за субвенции од килограм на нас нема да ни помогнат воопшто, затоа што не можеме да го продадеме бостанот на откуп, појасни Појкиловиќ.
Вели дека магацините воопшто не работат, а бостанот го даваат на купци кои го купуваат за многу малку пари и го разнесуваат низ Македонија.
– Не може да сме вложиле по 4.000 евра, а да земеме 1.000 евра. Што ќе правиме до крајот на годината, и следната година како ќе ја почнеме воопшто? Работите не ни се јасни, математиката воопшто не ни одговара. Апел до владата ако може да го обештети тој народ од декар, а не од килограм бидејќи бостанот ни остана непродаден, вели Појкиловиќ.
Го повика министерот да се грижи за земјоделците бидејќи ги има многу.
– Тој не покажува никаква  грижа за нас и затоа не знам кога тој мисли да биде министер со тој начин на работење. Му носиме бакшиш лубеници да може да јаде. Јавноста може да оцени дали на тој народ му е потребна помош, истакна Појкиловиќ.
 Бостанот ни е веќе при крај, а никој не дојде да не консултира, да види каква мака имаме ние на нивата. Министерот две недели го повикуваме секој д

Пронајдете не на следниве мрежи: