Министерот Николовски да ги посети и земјоделците во Росоман, а не само во Арачиново

Бараме министерот за земјоделие Љупчо Николовски да побара итна и вонредна владина седница со точка на дневен ред, 100% обесштетување на овоштарите чиј род настрада од временските непогоди и дополнителна поддршка за да може да ја преживеат годината, кажа Ромео Тренов денеска на прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ.СДС и понатаму се однесува како опозиција, со крајно неодговорни и конфузни изјави.
Министерот на СДС, Љупчо Николовски со денови се крие и ги одбегнува овоштарите кои се соочуваат со реални проблеми. Николовски го нема да се појави во Росоман каде што состојбата со производството на праски е алармантна, исто како и со речиси целокупното овоштарство во Македонија.
Земјоделците се соочуваат со огромни штети заради временските неприлики, а засега нема никакви најави за нивно целосно обесштетување.
Владата на СДС покажа колку не го цени земјоделството и трудот на земјоделците. Владата на СДС покажа дека е глува на апелите за помош кои доаѓаа директно од земјоделците и нивните здруженија.
ВМРО-ДПМНЕ секогаш кога земјоделците се соочувале со слични непогоди излегувала во пресрет и штетите ги покривала 100%.
Оттука бараме министерот за земјоделие Љупчо Николовски да побара итна и вонредна владина седница со точка на дневен ред, 100% обесштетување на овоштарите чиј род настрада од временските непогоди и дополнителна поддршка за да може да ја преживеат годината.
Го повикуваме министерот Николовски да ги посети и земјоделците во Росоман, а не само земјоделците во Арачиново, бидејќи штетите се огромни и последиците кои следат од ненавремената помош може да бидат катастрофални по целокупното нивно производство.
СДС во текот на кампањата им ветуваше на земјоделците дека ќе им биде поддршка, а гледаме дека после влегувањето во своите кабинети, веднаш ги заборавија.
Очекуваме дека ветувањата на СДС за земјоделството нема да останат мртво слово на хартија и една голема лага. Земјоделството е значајна гранка во македонското стопанство. Околу 150 илјади граѓани во Македонија живеат од земјоделството.
Земјоделците нема да дозволат да бидат изманипулирани и нема да дозволат СДС да ги превесла со лажни ветувања, од типот 100.000 денари платаСДС и понатаму се однесува како опозиција, со крајно неодговорни и конфузни изјави.
Министерот на СДС, Љупчо Николовски со денови се крие и

Пронајдете не на следниве мрежи: