Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска заедно со градоначалничката на Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ денеска извршија увид на градежните работи на објектот на старото кино во Кисела Вода кој се реконструира и адаптира во нов мултифункционален објект Дом на култура. Градежните работи се во завршна фаза.-На наша чест и огромно задоволство денес во посета на општина Кисела Вода е Министерката за култура, почитуваната Елизабета Канческа-Милеска, на објектот на старото кино во Кисела Вода. Како што можат да регистрираат и вашите камери, ние сме веќе завршна фаза на реконструкција на објектот. Правиме максимални напори за токму на 29ти јуни, кога е Ден на општината, свечената седница на Кисела Вода да се одржи токму во новиот објект на домот на култура.
Шетајќи по објектот се потрудивме да направиме мала демонстрација, какви содржини се опфатени во самиот објект. Нормално, покрај сите пропратни простории како билетара, тоалети, имаме пацио каде ќе можат да се организираат изложби, просторија за библиотека, административни канцеларии, музичка просторија, просторија соодветна за расвета и озвучување на настаните, заден дел на бината кој ќе се користи како фундус или за остава на сценографија, имаме предвиден простор за фундус за костими, во долниот дел има просторија за вежбање, за проби… Би сакала да ги истакнам параметрите на самата цена, нешто што е многу важно за сите дејци кои во иднина ќе ја користат оваа сцена, тие се должина 10 метри, ширина 8метри и длабочина 8 метри, што е најважно, по сите стандарди на една театарска сцена за да може кулисите во текот на претставата да се повлекуваат во длабочината нагоре. Според проектот предвидени се 157 седишта, но гледајќи го просторот мислам дека постои можност за околу 180-200 седишта.
Со оглед на тоа што во ова некогашно кино многу генерации се растени и било во еден период сврталиште на овој дел од градот, благодарение на Владата на РМ, на Министерството за култура и пред се’, на заложбата на Министерката Канческа-Милевска, ова здание повторно ќе заживее и ќе биде придобивка не само жителите на општина Кисела Вода, туку и за жителите на град Скопје. Бидејќи како театарски деец знам дека сите идни новоформирани театарски трупи ќе бараат простор, ќе бараат алтернативен простор за своите дела. Така што, за многу кратко време ова ќе биде еден облагороден убав простор со кој Кисела Вода ќе се гордее, рече градоначалникот Беличанец-Алексиќ.
Старото кино во Кисела Вода долги години беше руиниран и нефункционален објект, за наскоро да прерасне во објект кој ќе овозможи развој на културата.Министерката за култура Канческа Милеска истакна дека станува збор за значајна капитална инвестиција која се наоѓа во програмата на Владата и на Министерството за култура и во кој заеднички се инвестирало и со општината Кисела Вода.
-Од огромно значење е ставањето во функција на овој објекти. Бидејќи Кисела Вода е една од најголемите општини и заслужува да има еден ваков репрезентативен мултифункционален објект кој што ќе биде во интерес на сите граѓани на Кисела Вода, во интерес на културата и локалниот културен развој, истакна министерката.
Канческа Милевска посочи дека на овој објект ќе се додели и нова кино опрема, согласно проектот со Агенцијата за филм од каде се набавуваат кино проектори и платна и додаде дека овој објект ќе има функција и на кино сала каде што ќе се следи и македонската домашна и странска филмска продукција.-На наша чест и огромно задоволство денес во посета на општина Кисела Вода е Министерката за култура, почитуваната Елизабета Канческа-Милеска, на о