Министерот за здравство предлага закон за употреба на канабис во медицински цели

Министерот за здравство, Никола Тодоров, денеска соопшти дека Mинистерството за здравство, по опсежните јавни дебати ќе поднесе предлог закон за употреба на канабисот за медицински цели.Неодамна беше одржана јавна расправа  на темата „Примената на индискиот коноп во медицински цели“  на која присуствуваа бројни стручни лица од повеќе области во медицината и фармацијата, како од Македонија така и од странство како и поголем број на граѓани кои беа заинтересирани  да се вклучат во оваа отворена дебата.
-По изнесување на различни искуства и воочување на бенефити и ризици од употребата на канабис во медицински цели денеска сакам да информирам дека Министерството за здравство во соработка со Агенцијата за лекови и медицински средства подготви предлог закон за изменување и дополнување на законот за изменување и дополнување на законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции во насока на леглана контролирана употреба на производи од канабис за медицински цели во република Македонија, изјави Тодоров.
Проекциите се законот да биде готов за околу 2 месеци, со тоа што во моментов е се уште на јавна дебата, потоа треба да биде на владина седница и да биде изгласан во собранието.
-На овој начин го следиме трендот во ЕУ каде до месец октомври вкупно 13 земји овозможија употреба на препарати на база од коноп во медицински цели Чешка, Финска, Романија, Италија, Шпанија, Холандија, Франција, Австрија, Португалија, Германија, Англија, Словенија и Хрватска. Значењето законската регулатива во оваа област е големо токму поради потребата да им се овозможи да им се помогне на луѓето кои бараат природен начин за лекување, рече Тодоров.
Тој подвлече дека употребата на канабисот во медицински цели во никој случај не смее да претставува само лекување, туку лекување со медицинска препорака и под медицински надзор и истото нема да биде замена на конвенционалната медицинска терапија.
– Овие законски измени ги правиме со цел на пациентите да им овозможиме достапност до овие производи со строго контролиран состав и строго контролиран квалитет. Целта е  да се регулира одгледувањето, преработката и прометот на препаратите на база на коноп исклучиво во медицински цели, подвлече Тодоров.
Во делот на одгледување според предлог законот, одгледување ќе може да вршат само правни лица на начин сличен како одгледувањето и преработката на афион во медицински цели, што од 2008 година е регулирано во Македонија.
-За одгледување, правното лице треба да има обезбедено соодветен простор, атмосферски заштитен и ограден со ограда висока најмалку 4 метри. Да има 24 часа видео надзор и физичко обезбедување со контролиран семенски материјал  со одреден квалитет за кој одобрение за увоз има дава Министерството за земјоделство, информира Тодоров.
Правните лица мора да ги исполнуваат и следните услови:
-Да обезбедат соодветен простор за одгледување,
-просторија за сушење после берба и
-просторија каде ќе се пакуваат и складираат овие препарати.
Доколку се исполнат овие критериуми, Министерството за здравство ќе издава дозвола за одгледување на канабис за медицински цели.
-Со законот предвидуваме можност производството на канабисот да се прави во Македонија. Целиот процес ќе биде надгледуван од две одговорни лица од кои едниот е агроном а другиот е фармацевт со најмалку 3 години работно искуство. Покрај одгледувањето детално се регулира и процесот на производство на масло од суровината, рече Тодоров.
Во предлог законот е предвидена одредба според која конопот одгледан во Македонија може да се обработува само во Македонија и тоа исклучиво од правно лице кое има одобрение за производство на екстракти од коноп.
Ќе биде и комплетно регулиран начинот на издавање на овие препарати во аптеките.
-Препаратите ќе можат да иде препишани за болка , ХИВ, за онколошки заболувања и слично, како и во која максимална доза можат да се издава месечната терапија. За издавање на препаратите ќе се води детална евиденција во книга за наркотика во аптеките, со лични податоци на пациентот кој ја користи терапијата, подвлече Тодоров.
За постапување спротивно на овој закон во делот на одгледување, производство и издавање на препарати се предвидени соодветни кривични дела и санкции.
-Низ процесот на донесување на овој закон, потврдно отворено и транспарентно ќе дебатираме на оваа тема а како и до сега ќе бидат земени во предвид сите издржани сугестии и сите искуства поткрепени со аргументи со цел да дефинираме што е можно подобро законско решение, заклучи Тодоров.Неодамна беше одржана јавна расправа  на темата „Примената на индискиот коноп во медицински цели“  на која присуствуваа бројн

Пронајдете не на следниве мрежи: