Министерство за финансии: ИПА средствата успешно се имплементираат во УЈП

Би сакале да ги демантираме тврдењата на СДСМ во врска со твининг проектот со шпанската даночна администрација за кои се обезбедени средства од ИПА фондовите, велат од Министерството за финансии.Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на Министерството за финансии.
Имено, во рамки на проектот реновиран е Контакт центарот на Управата за јавни приходи, кој треба да се пушти во употреба во септември. Проектот се уште трае и треба да заврши во ноември кога се очекува негова успешна финализација.
Проектот не само што се реализира успешно со тековните средства, туку постои можност за доделување на дополнителни средства со оглед на неговата успешна имплементација. Исто така, за овој проект доделени се и дополнителни средства од други донаторски агенции како Австриската развојна агенција што зборува за успехот на УЈП во реализација на проектот.
Очигледно дека добрите партнерски односи со ММФ кои се манифестираат во повеќе сектори, меѓу кои и даночната администрација, се поводот за ваквите дезинформации на опозициската партија СДСМ, кои инаку веќе беа демантирани од страна Управата за јавни приходи.
Партнерскиот однос и соработката со ММФ продолжува, а доказ за тоа е и проектот за модернизацијата на Управата за јавни приходи.
 Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на Министерството за финансии.
Имено, во рамки на проектот

Пронајдете не на следниве мрежи: