Министерство за финансии: СДСМ да не се меша во деловната политика на банките

Со денешната аукција на државни записи не се задолжуваат граѓаните со „нови” 100 милиони евра. Ова тврдење на опозициската партија СДСМ е неточно и очигледно со интенција за политичко поентирање, реагираат од Министерството за финансии.Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на Министерството за финансии
Министерството за финансии претходно објасни дека во декември треба да се раздолжи, односно да исплати доспеани обврски во висина од 234 милиони евра од кои 84 милиони евра се по основ на стари аукции на државни записи кои сега треба да се отплатат, а 150 милиони за еврообврзницата издадена во 2005 година, а треба да се исплати на 8 декември. 
Да потсетиме и дека државните хартии од вредност се воведени уште од 2004 година и претставуваат фискални инструменти за извршување на буџетот кои се користат секаде во светот. Тие се издаваат редовно и континуирано и служат за порамнување на билансот на буџетот. 
Аукцијата на државни записи, која се одржува денеска е во рамки на буџетот за 2015 година, значи предвидена уште пред повеќе од една година кога се гласаше буџетот и кога воопшто не ни беа најавени изборите. Значи не станува збор за дополнителна, непредвидена аукција, туку аукција предвидена и со буџетот и со календарот на аукции од многу порано.
Со реализација на аукцијата денеска се обезбедува потребната ликвидност за спроведување на буџетот, како што и беше планирано. Пензиите ќе се исплатат во планираниот рок, односно во петок, ќе се исплатат платите за војската, полицијата, здравствените и образовните работници, субвенциите, капиталните инвестиции…Со попречувањето на аукцијата, единствено нешто што можеше да се постигне е запирање токму на овие исплати. 
Министерството за финансии повикува опозициската СДСМ да не се меша во деловната политика на банките и стопанските субјекти.  Министерството и понатаму ќе продолжи со реализација на буџетот согласно законот донесен од Владата и Собранието на РМ.Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на Министерството за финансии
Министерството за финансии пр

Пронајдете не на следниве мрежи: