Министерството за култура му додели национална пензија на лустрираниот Тоциновски

Васил Тоциновски, писател и преведувач, кој пред 2 години беше лустриран како соработник на тајните полициски служби, вчера доби национална пензија што ја доделува Министерството за култура. Ваквата пензија се доделува на истакнати поединци што значајно придонеле во уметноста и културата на Република Македонија.Покрај Тоциновски, наградата ја добиле уште петмина други културни дејци.
Поединците кои земаат национална пензија месечно добиваат износ колку што е разликата од нивната пензија до највисоката пензија што се исплаќа во нашата Република (35.000 денари).
Елизабета Kанческа- Милевска, министерката за култура на доделувањето рече дека со оваа пензија се валоризира нивниот труд, со оглед дека имаат многу ниски пензии, а нивниот влог е огромен за Македонија.
Тоциновски се заблагодари во име на наградените потенцирајќи дека оваа стратегија за него покажува една фина димензија, дека треба да се почитуваш и сакаш себеси, оти ако ние не го сториме тоа за себе, тогаш никој друг тоа не би го сторил за нас.
Томе Аџиев претседателот на Kомисијата за лустрација, вчера изјави дека е шокиран од одлуката.
– Не постои правна забрана лицата што се лустрирани да добиваат признанија, но ова едноставно не е морално.
Васил Тоциновски беше лустриран откако недвосмилено беше утврдено дека е соработник на тајните полициски служби. Тој кодошеше токму од областа на културата од каде што сега добива и признание. Kако соработник тој имаше дури и псевдоним, кој се даваше само на проверени и верни соработници на службите. Дали е ова порака до другите уметници дека и тие мора да бидат кодоши ако сакаат вакво признание. Ова е, едноставно, неморален потег – вели Аџиев.
Во решението за лустрацијата на Тоциновски, кое е објавено на веб-страницата на Kомисијата, е наведено дека во неговото досие постојат документи од кои се гледа дека е регистриран како соработник на Управата за државна безбедност уште од 1985 година, на доброволна основа, под псевдоним „Гогољ“. Тој бил ангажиран за следење безбедносно интересни лица од културни средини по линија на македонски национализам и сепаратизам. Дерегистриран е во 1995 година.Покрај Тоциновски, наградата ја добиле уште петмина други културни дејци.
Поединците кои земаат национална пензија месечно добиваат износ к

Пронајдете не на следниве мрежи: