Министерството за образование и наука ќе продолжи со спроведувањето на мерките, проектите и активностите со кои се обезбедува поголема достапност и квалитет на високото образование и студентскиот стандард

Министерството за образование и наука ќе продолжи со спроведувањето на мерките, проектите и активностите со кои се обезбедува поголема достапност и квалитет на високото образование и студентскиот стандард, а за кои владината гарнитура предводена од СДСМ зафатена со процесите за приватизација и отпуштањето од работа, не се сети дека се потребни и од интерес на граѓаните. Потсетуваме дека денес студирањето во државна квота изнесува 200 евра годишно, додека студирањето во квотата со кофинансирање чини максимум 400 евра – за разлика од минатото кога на власт биле денешните опозиционери, кога студентите плаќаа и по 1.200 евра годишно.
 Потсетуваме и дека денес изграден и достапен е систем на стипендирање кој нуди повеќе од 40 различни видови на стипендии, за разлика од некои други времиња кога видовите стипендии се броеја на прсти.
 Студентите и нивните семејства имаат и дополнително олеснување – бесплатен превоз во јавниот градски сообраќај.
 Учат од современа стручна литература која се применува на најдобрите светски универзитети и која може да ја користат во нови специјализирани читални и во библиотеките. На располагање им се нови лаборатории на факултетите каде студираат.
 Условите во студентските домови каде престојуваат се значително подобрени. Дел од постојните капацитети се реконструирани и модерно опремени. А изградени се и нови објекти.
 Ова не е споменато во соопштението на СДСМ. Споменат е износот на минималната плата, која никогаш претходно не била дефинирана и утврдена со закон. Оттука, јасна е намерата на СДСМ – злоупотреба на студентите во нивните дневнополитички битки.Потсетуваме дека денес студирањето во државна квота изнесува 200 евра годишно, додека студирањето во квотата со кофинансирање чини максимум 400 евр

Пронајдете не на следниве мрежи: