Негрижата на СДС за граѓаните на својата држава и неспособноста на кадрите кои седат во владата од ден во ден се повеќе ескалира, изјави на денешната прес-конференција Марија Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ.-Владата на СДС донесе одлука која може да резултира со последици по здравјето на граѓаните, но и по локалниот економски развој на езерските региони. Министерството за транспорт и врски со скандалозна одлука, во сред туристичка сезона, го укина прскањето против инсекти комарци во општините Охрид, Дојран, Ресен и Чешиново-Облешево. Со доаѓањето на власт на СДС во Македонија како да дојде живот за заразните болести. Комарците и покрај тоа што пречат во секојдневниот живот на граѓаните, се и сериозни преносители на болести и зарази, па затоа со оваа одлука на СДС се вложува квалитетот на живот на граѓаните, вели Јакимовска.
Таа истакна дека оваа одлука на неспособната влада на СДС ги загрозува и туристичката сезона и локалниот економски развој на езерските региони, и директно оди на штета на над 150 илјади граѓани.
-Изминатите три години, министерството за транспорт и врски, во соработка со министерството за здравство, ги утврди овие четири локации како приоритетни, и како кризни жаришта во Република Македонија за опасност од комарци. Дезинсекција се вршеше на вкупна површина од 4.400 хектари по воздушен и земјен пат, против возрасни комарци и против ларви, 4 пати во текот на летната сезона. Целта на прскањето против комарци и начинот на кој тоа се вршеше е согласно препораките на Светската здравствена организација за намалување на ширењето на заразни болести кои ги пренесуваат комарците, рече Јакимовска.
Таа потенцираше дека за жал, откако дојде СДС на власт, го укина прскањето против комарци и уште еднаш ја потврди негрижата за граѓаните.
-СДС е партија на власт која нема никаква одговорност и грижа за граѓаните. СДС внесува само хаос и неизвесност, и вложување на секојдневниот живот. Укинувањето на оваа мерка ја отсликува неодговорноста на владата и ги доведува граѓаните во опасност од можно ширење на заразни болести и економско уназадување на цели региони. СДС од политичка се повеќе прераснува и во еколошка катастрофа за Република Македонија, заврши Јакимовска.-Владата на СДС донесе одлука која може да резултира со последици по здравјето на граѓаните, но и по локалниот економски развој на езерските регион