Министерството за здравство во соработка со ЈЗУ Општа болница Кочани, Невладината организација Хера и Општина Берово продолжија со активноста за бесплатни прегледи и совети во Мобилна гинеколошка ординација.Мобилната ординација на 17 декември беше поставена во Владимирово и Двориште каде околу 15тина жени беа опфатени преку проектот кој има за цел заштита на жените во репродуктивниот период во руралните средини од Македонија.
Возилото на мобилната гинеколошка ординација е комлетно опремено со гинеколошки стол, Ехо апарат, клима уред, агрегат за електрично напојување и неговата првенствена улога не е да биде поставено во централни градски подрачја туку во тешко достапни рурални места.
Преку овој проект на Владата на РМ во мобилната гинеколошка ординација се извршуваат повеќе активности меѓу кои советување за безбедна бременост, советување за избор на матичен гинеколог, советување за заштита од СПИ, советување за планирање на семејство, преглед со Ехо како и ПАП тест.
Досега оваа активност во општина Берово е спроведена во Русиново, Будинарци и Мачево каде се опфатени околу 50 жени и истата наидува на доста позитивни реакции од населението во општината.Мобилната ординација на 17 декември беше поставена во Владимирово и Двориште каде околу 15тина жени беа опфатени преку проектот кој има за цел зашт