Министерството за земјоделство мора да донесе мерки со кои ќе им помогне на производителите на бостан

Во интервју за Алфа телевизија директорот на земјоделскиот инспекторат Цветан Трипуновски зборуваше за проблемите со кои производителите на бостан се соочуваат во моментов. Тој кажа дека моменталната цена од 3 денари за килограм е недоволна ниту да се покријат трошоците за неговото производство.-Јас минатата недела, меѓутоа и постојано сум на терен со земјоделците и она што со последната средба со земјоделците од Општина Ново Село го воочив, е дека цената на килограм бостан е многу ниска. Денешната цена е 3 денари по килограм, што практично е недоволна да ги покрие основните трошоци за производство на бостан, проблемот е во тоа што во моментов нема откуп на бостанот. Тие не го но собираат бостанот, бидејќи и тоа е трошок, изјави Трипуновски.
Тој кажа дека и откупните компании имале потешкотии во пласманот, бидејќи површините посадени се исти како и лани, а пласманот проблем.
-Министерството треба под итно да обезбеди дополнителна мерка, таа треба да се однесува во однос на стимулација на компаниите, за да повлечат одредена количина на лубеница, која ќе ја извезат надвор од земјава, изјави Трипуновски.
Тој напомена дека лани цената на бостанот била 6-7 денари по килограм, додека сега е 3 денари на самиот старт. Трипуновски кажа дека ако тоа не се промени бостанот ќе остане на нивите.
Тој зборувајќи и за другите култури кажа дека комунацијата со земјоделците мора да биде доста порано, за да се проба да се превенираат одредени проблеми.
-Да не се доведеме во ситуација како производителите на праска, на бостанот, да во моментот се предлагаат мерки кои што ќе значат евентуално ублажување на болките меѓутоа нема да имаат некој ефект, изјави Трипуновски.
Тој напомена дека оваа година е доста тешка за производителите на пченица, кои покрај временските услови друг проблем е што приносот оваа година е преполовен, што би можело да значи недостиг на пченица на пазарот, што би можело да резултира со покачување на цената на лебот во моментов. Тој додаде дека министерството ќе мора да им помогне на земјоделците, како што лани тоа го направи со помошта од 6.000 по хектар пченица, за да не дојде до поскапување на лебот.
 
-Јас минатата недела, меѓутоа и постојано сум на терен со земјоделците и она што со последната средба со земјоделците од Општина Ново Село го воочи

Пронајдете не на следниве мрежи: