Миноски: Капиталните инвестиции на највисоко ниво до сега

Капиталните инвестиции се на историски највисоко ниво досега и покрај ребалансот. Во интервју за ТВ Нова министерот за финансии Кирил Миноски вели дека капиталните инвестиции и со ребалансот се на повисоко ниво во однос на 2015 година, дека ниту еден капитален проект нема да се прекине со ребалансот, а за оние проекти кои имаат засилена динамика на реалиација ќе има дури и дополнителни средства, како на пример за автопатот Демир Капија – Смоквица и за гасификацијата.-Вкупниот износ на средства со ребалансот, пред се со инфраструктурните проекти не само што не се намалени туку зголемени, главните кратења се трошоците за стоки и услуги. Сите проекти ќе продолжат да се реализираат, вели Миноски.
Министерот за финансии Миноски додава дека двата обиди да се реализираат избори во првото полугодие годинава влијаеле врз динамиката на реализацијата на капиталните проекти, бидејќи согласно законските одредби во предизборен период не може да се вршат јавни набавки.
За најавениот ребаланс на буџетот Миноски потсетува дека полугодишното ревидирање на проекциите за приходите и расходите во државната каса е редовна активност која се реализира во сите економии и практика која не се воведува за прв пат во Македонија. Миноски додава дека во поглед на реализираните приходи има позитивен тренд во однос на лани, односно раст на вкупните приходи за околу 4,4 %, а кај даночните за 6,7%. Сепак со оглед на пролонгирањето на политичката криза мора да има претпазливост и да се направат корекции во проекциите и на приходната и на расходната страна.
-Изминатата година беше исклучителен тежок период за Македонија, затоа што се соочивме со две сериозни кризи. Едната е политичка криза која што не е разрешена, а втората е емигрантската криза- една од најголемите после Втората Светска војна во Европа. Ваквите политички кризи имаат свои соодветни рефлекции на економската активност, и дури и поразвиени економии би имале забавено темпо на раст, вели Миноски.
Миноски посочува и дека сите држави кои имаат дефицит во Буџетот мора да имаат внатрешни или надворешни извори за финансирање на истиот.
-Државните хартии од вредност се издаваат од 2004 година, а првата еврообврзница е издадена во 2005- та година. Тоа се инструменти кои се користат за финансирање на дефицитот. Во досегашниот период опозицијата не критикуваше кога користевме хартии од вредност кои ги издававме на домашниот пазар заради тоа што повлекуваме парични средства од банките кои евентуално би се користеле за кредитирање. Сега кога сакаме да обезбедиме дополнителни средства на надворешниот пазар имаме повторно критики.Преку еврообврзницата треба да се обезбедат дополнителни средства во Буџетот кои ќе обезбедат дополнителна ликвидност, во најголем дел ќе значат и ослободување на дополнителни средства во банкарскиот сектор кои понатаму би се пласирале во стопанството, вели Миноски.
Миноски истакнува дека македонската економија изминатите две декади се соочила со бројни предизвици.
-Оваа Влада има јасен ориентир што сака да постигнеме во Македонија. Наш прв приоритет е создавање на нови работни места во Македонија.Во таа насока преземаме бројни активности. Пред неколку дена го најавивме проектот „Македонија вработува 2“ за кој се очекува да креира нови 20 илјади работни места. Друг приоритет се инвестициите, во таа насока преземаме бројни активности , во поглед на привлекување на странски инвестиции, додека за домашните инвеститори практикуваме политика на ниски даноци,односно враќање на најголем дел од средствата во македонската економија , во приватниот сектор. Тука е и политикката на континуирано подобрување на деловното опкружување. Тоа се приоритетите и во наредниот временски период ќе ги интензивираме нашите напори во таа насока, односно креирање на опкружување кое ќе создаде поволни услови за раст и развој, вели Миноски.-Вкупниот износ на средства со ребалансот, пред се со инфраструктурните проекти не само што не се намалени туку зголемени, главните кратења се трош

Пронајдете не на следниве мрежи: