Миноски: Меѓународните инвеститори имаат доверба во економските политики на Владата

Македонија останува меѓу десетте најмалку задолжени земји во Европа и кога ќе се вкалкулира еврообврзницата, Буџетот е во добра кондиција, а со ребалансот кој е во собраниска процедура се настојува да се задржи развојната компонента и да не се скрати ниту еден капитален проект, вели министерот за финансии Кирил Миноски во интервју за Телеграф.мк.Според него, разврската на политичката криза е од круцијално значење за земјава да се врати на патеката на економскиот развој, за странските и домашните инвестиции, како и за отворањето нови работни места, а со тоа и подобрување на животниот стандард на граѓаните.
Како што истакнува Миноски, целата постапка за издавање на еврообврзницата беше во согласност со законите, а големиот интерес за неа на меѓународниот пазар докажува дека инвеститорите имаат доверба во владините економски политики.
– Големиот интерес за еврообврзницата на меѓународниот пазар на капитал е потврда за довербата во економските политики на Владата. СДСМ се обиде на еден, да кажеме, недостоинствен начин да ја разниша таа доверба. Реално, нема пример во светот опозицијата да направи еден таков преседан. Тврдеше дека издавањето на еврообврзницата е незаконско, дека се крши Законот за влада, дека треба да се добие согласност од дополнителен заменик-министер за финансии, но аргументите и фактите беа на наша страна, нагласува Миноски.
Постапка беше усогласена со Министерството за правда и со правните застапници на конзорциумот од светски реномирани банки преку кои е издадена еврообврзницата, тврди Миноски и воедно подвлекува дека е неосновано повикувањето на Законот за влада од страна на дополнителниот заменик-министер зашто тој пред неколку месеци самоиницијативно поднесе оставка.
– Во меѓувреме, изборите во април беа откажани, закажавме избори во јуни, па и тие беа откажани. Датум за избори се очекува кон крајот на август. Согласно Законот за влада, 100 дена пред избори се формира техничка влада. Ние немаме датум за избори, немаме техничка влада, немаме дополнителен заменик-министер за финансии. Така што повикувањето на Законот за влада е неосновано, објаснува Миноски.
Средствата од еврообврзницата, вели, ќе се користат за буџетски потреби во 2016 и 2017 година, како и за отплата на доспеани обврски.
Миноски ги отфрла како шпекулации и апсолутно неточни наводите на опозицијата дека средствата од еврообврзницата не се наменети за две години бидејќи во ребалансот во ставката депозити не се ставени тие средства.
– Кога беше доставен ребалансот до Собранието се уште не беше објавена одлуката на Владата за издавање еврообврзница, таа се објави потоа. Со оглед дека постапката за донесувањето на ребалансот предвидува по комисиската расправа во Собранието, Владата повторно да го разгледува и да може да прави дополнувања и измени на ребалансот, Министерството за финансии во дополнетиот предлог-ребаланс ја предвиде објавената одлука за издавање на еврообврзница. Дополнета е ставката на депозити, односно средства што ќе останат на крај од 2016, односно на користење во 2017 година, напоменува Миноски.
Според него, јавниот долг на државата со издадената еврообврзница ќе биде под 50 отсто, што е под Мастришкиот критериум од 60 отсто од БДП.
Министерот информира дека годинава достасуваат за отплата обврски во износ од околу 180 милиони евра, кои ќе се отплатат со дел од средствата од еврообврзницата, што ќе влијае на намалување на државниот долг, а исто намалено е и домашното задолжување.
Од неговиот дополнителен заменик, доколку биде избран, очекува, како што вели, одговорност, односно, државните интереси да бидат секогаш пред партиските, а не обратно.
Уште еднаш потенцира дека и покрај ребалансот на Буџетот, капиталните инвестиции се на историски највисоко ниво.
– Согласно политичката ситуација, ги намаливме проекциите за раст на економијата од 4 на 2,3 отсто. Очекувам оваа проекција да се реализира. Позитивни движења имаме во однос на намалување на стапката на невработеност која е на историски најниско ниво од 24,5 проценти и во континуитет се намалува, истакнува министерот за финансии Кирил Миноски во интервјуто за Телеграф.мк.Според него, разврската на политичката криза е од круцијално значење за земјава да се врати на патеката на економскиот развој, за странските и дома

Пронајдете не на следниве мрежи: