Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски во интервју за ТВ АЛФА, меѓу другото, зборуваше и за бенефитите кои ги имаат фирмите од рамниот данок и штетите кои би можело да ги предизвика прогресивното одданочување.АЛФА: Во наредниот период ќе има голема дебата за воведување на прогресивен данок. Каква полза, од една страна и колкави штети од друга можат да му се случат на македонското стопанство?
Миноски: Сметам дека ниските даноци влијаат позитивно на државната каса. Воведувањето на прогресивен данок во многу земји покажало негативни резултати бидејќи ја зголемувало даночната евазија. Влијаат негативно врз лицата со високи приходи што ја зголемуваат нивната мотивираност за селење на капиталот во други држави. И со рамниот данок имаме различен апсолутен износ на средства што ги уплаќаат компаниите. Лицата оставаруваат раљзличен приход. 10% од еден милион денари и 10% од 10 милиони денари е различна апсолутна цифра. Рамниот данок е позитивен, влијае позитивно врз претприемачите, на нивната мотивација за инвестиции во фирмите, да купуваат нова технологија, да го шират бизнисот и да вработуваат нови лица.
АЛФА: Во наредниот период ќе има голема дебата за воведување на прогресивен данок. Каква полза, од една страна и колкави штети од друга можат да му