Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја информира јавноста во Република Македонија дека на денешната 86-та пленарна седница во Собранието на Република Македонија беше верификуван мандатот на новата пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ Мирјана Хаџиевска која на оваа позиција доаѓа на местото на пратеничката Силвана Бонева која што беше избрана за член на Државната изборна комисија.-Г-ѓата Мирјана Хаџиевска доаѓа од општина Новаци односно од листата на кандидати за пратеници во Изборната единица 4. Мирјана Хаџиевска по професија е дипломиран наставник. Досегашното работно искуство од 2006 до 2010 година, го стекнува како одделенски наставник во ООУ „Славко Лумбарковски“ Општина Новаци, а подоцна од 2010 година па се до денес и како Советник за образование при општина Новаци. Хаџиевска од 2009 година до 2010 година ја извршува и функцијата Советник од редовите на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Новаци. Таа воедно е и актуелен Претседател на Унијата на Жени при Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Новаци. Како пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ изразуваме огромно задоволство што после долги години, Општина Новаци и нејзините жители, добија свој претставник во Законодавниот дом кој ќе се бори за остварување на нивните интереси и барања. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на пратеничката Мирјана Хаџиевска и посакува успешно извршување на функцијата пратеник и сигурни сме дека ќе работи како вистински претставник на граѓаните во Собранието на Република Македонија и достоинствено и пожртвувано ќе ги застапува и брани нивните интереси, стои во нивното соопштение.-Г-ѓата Мирјана Хаџиевска доаѓа од општина Новаци односно од листата на кандидати за пратеници во Изборната единица 4. Мирјана Хаџиевска по професи
Пронајдете не на следниве мрежи: