Мирка Велиновска: Сo квислиншки УСТАВЕН до промена на ИМЕТО

Со секоја диверзија извршена од СДСМ, а по наредба на Главниот штаб на нарачателот со кодно име „Чадор“, Македонците откриваат нови докази за крајната цел на нејзината испланирана дестабилизација.Со секоја диверзија извршена од СДСМ, а по наредба на Главниот штаб на нарачателот со кодно име „Чадор“, Македонците откриваат нови докази за крајната цел на нејзината испланирана дестабилизација.
Завчера и вчера ни се случија две нови фингерајки. Обете со голем разорувачки потенцијал и под обете буквално се гледа отпечатокот на своерачниот потпис на големиот чадор. Ако се прашуваме зошто преку ноќ кризираме на две точки: на границата со Грција со штедра помош на немоќниот и бесполезен Фронтекс, грчките погранични власти и некакви си невладини активисти и во најавената окупација, односно, пучирање на Уставниот суд на Република Македонија, еве го одговорот. Првата диверзија се случува по првата жестока официјална македонска критика на ЕУ за справувањето со мигрантската криза и откритието дека ЕУ, односно, Германија испратила некои 50 милиони евра како конкретна помош на државата, а кои, по реакцијата на претседателскиот кабинет, откривме дека биле доделени на некакви невладини организации. Ова е доволна индиција за институциите во државава да отворат сериозна и сеопфатна истрага за откривање на патот на странски илегални пари кои се перат преку официјални европски институции и бирократиите на божемни „сериозни“ држави. Оти ова е втор посреден доказ дека Германија, односно ЕУ, активно учествува во подривање на Македонија така што за плановите на прекуатлантскиот чадор служи како логистичка база.
Веќе купуваат контингенти гласачи
Првиот случај беше со Ерван Фуере кој дигна големи таламбаси за Брисел да му нареди на Груевски да отстапи од најавената акција на проверка на книговодството на евроинтеграторката Радмила Шекеринска, односно, на нејзиниот познат домаќинлак во трошењето на европските пари. Таа епизода остана незавршена под европски политичко-институционален притисок за покривање на арамолепството на нејзината политичка класа. Се разбира, многу подоцна разбравме дека една од „цивилизаторските“ вредности на ЕУ е гангстерајот и дека еден цел ЕУ-буџет од 145 милијарди евра оди на корупција, односно, дека Унијава е потоната во ВИП-криминал. Но, кај европската „периферија“ останува горчината од фактот дека таа секогаш може „и подобро и повеќе“ па така, ете сега кај дознаваме дека 50 и кусур милиони се уштрцани во анонимен „невладин сектор“ во Македонија со јасна намера тие пари да се поделат како поткуп за обезбедување гласачко тело на СДСМ – Гангстерско-терористичка. Kако што ги плаќаа камперите минатото лето. И така, додека ние наивно го чекаме 5 јуни за на избори, дечкиве веќе купуваат контингенти гласачи со анонимна трансатлантска „донација“ користејќи ги безобразно како заштитен штит мигрантите.
Вториот случај е најавата за окупација и пучирање на Уставниот суд. Формален повод со кој се замајува нацијата е дека наводно разгледувањето на некоја иницијатива и расправа по чл. 1 од Законот за помилувањето, предизвикало голема и бурна реакција на припадниците на една гангстерска, антидржавна и антимакедонска дружина, која е поддржувана и финансирана од странски центар на моќ. Што е класичен илузионистички трик за одвлекување на вниманието од вистинската цел на сценариото за разнебитување на Македонија, без активен отпор и реакција на населението. Тоа што инспираторот и нарачателот го бара од домицилните подизведувачи платеници е во овој пуч да се промени соодносот во кадровскиот состав на Уставниот суд. Kако што претходно преку слични операции се смени составот на владата, па на ДИK.
Зошто дојде на ред Уставниот суд? Па просто затоа што тој треба мнозински да биде под контрола на планерот и неговиот верен извршител на валканите работи, СДСМ! А зошто треба да е таков? Едноставно, за да не реагира во врска со финалето на планот за менување на името и идентитетот на Македонија и Македонците. Треба да има баш таков Уставен суд каков што беше оној кога беше погребана асномска Македонија во 2001 година преку насилна промена на Уставот и наметнување на октроирана чкрабаница. Итроштината на режисерот е проста ко варен грав. СДСМ нема контрола на теренот оти населението мнозински го нејќе. Вопреки бомбите, револуцијата, изборниот список, фантомските гласачи, иселените без кондури, медиумите, Kатица Јанева, демисијта на Груевски, составот на ДИK. Затоа, изборите не им се решение. Но, со вакви дубари и насилие, СДСМ, со помош на странскиот фактор и заспаноста на општеството, односно и на партиите и на институциите, една по една ги завладува клучните институции, а со тоа почнува да ги контролира. Прави успешно преврати на парче.
Граѓаните ова мора да го санкционираат
Нема никаква двојба дека последниве две дешавки, онаа што се одвиваше завчера на македонско-грчката граница и оваа со закажаната окупација на Уставниот, се во тесна корелација. Еден вид на топла проба пред финалниот фронтален напад. Грција бара активно, односно, креира повод за голем и масовен неред со пукотници и жртви за да ја активира својата безбедносно-одбранбена стратегија и преку НАТО да навлезе „оправдано“ на македонска територија (да ги заземе Гевгелија, Битола, Струмица, Дојран и Охрид) со цел да ја заштити својата државна безбедност). Исто како што тоа го направи Турција за да влезе во северна Сирија. Граничната криза ни се случува веднаш по доаѓањето на фамозната Викторија Нуланд и нејзината загрижена посета на линијата на мигрантскиот фронт. А антиуставната „буна“ ни се случува откако не успеа провокацијата со „орелот“ и „крстот во Бутел и по резилот со избирачкиот список. Во овој безпоредок издејствуван преку бомбите на Заев, пржинскиот гангстерај, СЈО и оставката на Груевски, СДСМ, со помош на учките треба да создаде предуслови за свикување на една мала блицкриг евроатлантска „мировна“ конференција по повод запретување на „бурето барут“ наречено Република Македонија. Исто каков што беше планот за Сирија. Државното обвинителство, но и останатите институции, а пред се граѓните на Македонија ова мора да го санкционираат. Жестоко. Оти СДСМ, додека имаше кадровска контрола на Уставниот суд, ја убедуваше јавноста дека „одлуките на уставниот суд не се коментираат“, туку беспоговорно се извршуваат. По сериозната транзиција од политичка партија која не се снаоѓа во плурализам и демократија во терористичко- гангстерска организација, таа еволуира до таму што нејзини „борци“, сега отворено повикуваат на палење, рушење, заземање и инстант гадафиевско убивање на судиите кои не се нивни. Притоа, носител на активноста е партискиот генсек Оливер Спасовски, кој е инстлиран како паралелен министер лично по налог на американскиот амбасадор Џес Бејли.
Пишува: Мирка Велиновска за ДневникСо секоја диверзија извршена од СДСМ, а по наредба на Главниот штаб на нарачателот со кодно име „Чадор“, Македонците откриваат нови док

Пронајдете не на следниве мрежи: