Миркуловски: Ќе играме за историско полуфинале

Во македонската ракометна репрезентација шест играчи имаат одиграно по 22 натпревара на Европските првенства, во таа група е и Филип Миркуловски, кој воедно има и постигнато 55 голови на сите досегашни дуели.Во пресрет на вечерашниот натпревар против селекцијата на Шпанија, Миркуловски очекува да биде израмнето до крај на натпреварот.
– Шпанија е селекција од самиот врв, најнезгоден противник со кого ќе играме на ова ЕП бидејќи имаме сличен систем, слична игра ќе биде тежок дуел. Очекувам да биде израменто докрај како на претходните дуели, можеби ќе имаме предност поради навивачите. Шансите се 50-50, а доколку победиме со „една нога“ ќе бидеме во полуфинале. Трите дена беа добредојдени, одморивме и ги саниравме повредите, трениравме го анализиравме противникот и треба да ја дадеме најдобрата партија за да победиме. Имаме сили, иако се потрошивме во првиот круг. Играме за тој чекор понатаму и ќе играме за тоа историско полуфинале и со помош на навивачите да го постигнеме тоа полуфинале, изјави Миркуловски. Во пресрет на вечерашниот натпревар против селекцијата на Шпанија, Миркуловски очекува да биде израмнето до крај на натпреварот.
– Шп

Пронајдете не на следниве мрежи: