Хрватскиот магазин Глобус во најновиот број пишува за судењето на најголемиот српски тајкун Мирослав Мишковиќ и во текстот чиј автор е познатиот хрватски новинар и публицист Дарко Худелист се откриваат многу интересни детали за тоа колкава е неговата моќ и влијание врз политиките на властите во Србија , но и во регионот. Капитал во целост го објавува текстот на Худелист со оригинален наслов “Тајкунот кој е му пресуди на Вучиќ”.Судењето на најголемиот српски тајкун и сопственик на Делта Холдинг Мирослав Мишковиќ кое започна деновиве ила своја економска, но и политичка димензија. Политичка димензија посебно за актуелниот потпретседател на Владата на Србија, Александар Вучиќ, кој е spiritus rector на процесот против Мишковиќ. Овој процес е составен дел, или уште повеќе “ударна игла” на неговиот животен политички проект, што самиот го опиша како системско и темелно сузбивање на корупцијата во Србија. Дека ќе се впушти во оваа голема авантура Александар Вучиќ најави уште во летото 2008 година, кога уште беше длабоко во опозиција.
Тогаш како генерален секретар на Шешељовата Српска радикална странка го планирал основањето на Српска напредна странка, со која подоцна во пролетта 2012 година ќе дојде на власт.
На излет во селото Мало Црниче крај Пожаревац, во друштво во кое се наоѓав и јас, Вучиќ најави дека ако некогаш дојде на власт ќе ги поапси сите корумпирани демократи на Тадиќ, но дека при тоа ќе го поштеди тогашниот претседател на република Србија и на Демократската странка, Борис Тадиќ.
Полн погодок
Моите пријатели во Србија, кои не му се баш најсклони на Вучиќ тврдат дека тој ја почнал овој негов животен политички проект “чисти раце” во стилот на голем коцкар, што значи “прво-најголемата карта”. Најголемата карта е секако Мирослав Мишковиќ. Без таа најголема карта, неговата приказна би била празна. Вака ударот има полн ефект. Масата која обично сака да гледа во бесилки, сега, без надеж и сиромашна, е загреана до невидени размери. Политичкиот ефект е постигнат, пред се преку рекордно големата поддршка на Вучиќ и неговата партија. Од друга страна, економската димензија на судењето на Мишковиќ остана некако во позадина. Се случи (контра)ефект сличен на оној во Хрватска, кога беше уапсен поранешниот премиер Иво Санадер, а тоа е – замирање на економските активности и пад на инвестициите.
Еден мој близок пријател и врвен познавач на економските и политичките состојби во Србија, ми кажа: ”Тајкуните од типот на Мишковиќ се речиси единствената жива структура на српската економија. Ударот во жариштето на корупцијата, едноставно ги уплаши и нив, а и инвеститорите, и сега се сведе на “арапската врска” на Вучиќ (што е алузија на актуелните политичко-бизнис контакти на Вучиќ со моќниците од Обединетите Арапски Емирати, но со многу малку пари”.
Јавноста во Србија, па и во целиот регион, па можеби и пошироко, во овој момент со големо нетрпение очекува да види кој е следен, односно кој прв после Мишковиќ кој би можел да заврши во затвор со напомена дека тој секако би требало да биде припадник или барем симпатизер на Демократска странка. Се проценува дека Оливер Дулиќ, поранеше министер за животна средина е во нешто полоша ситуација во однос на другите, но не се исклучени ни некои изненадувања. Новопоставените кадри (од стана на СНС) во јавните претпријатија, агенциите,. Здравствените установи и другите структури во Србија со полна пареа трагаат за малверзации и злоупотреби од страна на своите претходници (главно од ДС), а моите добро упатени извори
Со Мишковиќ се сретнав три или четири пати во 2006 и 2007 година. Заедно ручавме во март 2007 година во белградскиот ресторан Калемегданска тераса, во друштво на уште неколку хрватски новинари и новинарки кој ги угости за да им ја презентира својата величина и сјајот на неговата компанија Делта Холдинг, која тогаш беше во незадржлива експанзија. Морам да признаам дека не ми остави најдобар впечаток, и отпрвин се сетив дека станува збор за искомплексиран, а во некоја рака и лош човек.
Животно мото
Онака мал како некаков Наполеон, Мишковиќ на масата неколку пати по ред повторуваше една иста реченица-како тој, односно неговиот Делта Холдинг ќе го “нападне оној”, па потоа ќе му објави војна не некој трет-при што најчесто мислеше на словенечки Меркатор и својата желба да ги победи и понижи сите свои деловни конкуренти и да стане суверен владетел на целиот регион на некогашна Југославија, па и на значителен дел на Источна Европа. Да слиста се околу себе и да стане газда над се и на секого-тоа ни го претстави како свое животно мото, а мене тоа, морам да признаам не ме импресионираше посебно.
Ни другите не го доживуваа значително поинаку. Во својот дневник “Zagreb indoors” некогашниот амбасадор на Хрватска во Србија и сегашен директор на белградскиот дневен лист со либерална ориентација, Данас, Радивој Цветичанин го опиша својот разговор со поранешен деловен партнер на Мишковиќ, хрватскиот бизнисмен Ивица Тодориќ во Кулмерови двори на 9 октомври 2007 година. Тодориќ тогаш на Цветичанин му раскажал како Мишковиќ во среде Скопје толку се разлутил на тогашниот македонски премиер што на цел глас почнал да вика : “Ќе го сменам”. На прашањето на Тодориќ како тој може да менува премиер, и тоа уште премиер на туѓа држава, Мишковиќ лаконски одговорил “Лесно”.
Инаку, за бизнис соработката помеѓу Мирослав Мишковиќ и Ивица Тодориќ пишував во еден есенски број на Глобус уште во 2006 година. Тоа беше нешто повеќе од обична соработка-обид за интеграција на Агрокор и Делта Холдинг, т.е. создавање на нова хрватско-српска трговска супер сила која би завладеала со Балканот, па и со Источна Европа, а како нивна прва мета беше избран Меркатор, кој израсна во регионален гигант под водство на многу способниот, но и контроверзен Зоран Јанковиќ. Многумина во тој бизнис договор Мишковиќ-Тодориќ препознаа “проект на столетието”: требаше да стане симбол на помирувањето помеѓу Хрватска и Србија, и тоа што е најважно, не било какво помирување, туку помирување кое оди преку економија, кое секогаш е најздраво. Колку што сум упатен тој проект го поддржуваа и Иво Санадер и Борис Тадиќ, со тоа што тие двајцата сакаа во тој проект да го вклучат и Игор Бавчар од Словенија. Еден мој пријател кој сето та го следеше од близина ми рече:” Тоа звучеше моќно, но не успеа. Зошто? Тоа не можев до крај да го сфатам. Мислам дека резервата се јави кај Тодориќ. Тешкиот карактер на Мишковиќ, и што уште не, се покажаа како сериозна пречка. Колку што знам останаа во комуникација, немаше видливо непријателство, но онаа голема визија исчезна бестрага”.
Наводно Тодориќ уште во есента 2007 година им зборувал на своите деловни партнери дека тој и Мишковиќ всушност не ни мислеле сериозно, барем не толку сериозно колку што тоа се претставило во јавноста. Но, затоа е сосема неспорно дела Мишковиќ тогаш планирал своето бизнис царство да го прошири и во Загреб, односно во Хрватска. Моите одлично упатени белградски колеги тврдат дека работел со Божо Прко и неговата банка, но и со Јура Радиќ. “Очајнички сакаше да се позиционира во Загреб”, ми рече еден од нив, “но, не помина, и тоа според мое мислење, единствено затоа што беше од Србија”.
Целиот текст прочитајте го на: Kapital.mkСудењето на најголемиот српски тајкун и сопственик на Делта Холдинг Мирослав Мишковиќ кое започна деновиве ила своја економска, но и политичка диме